
Македонија
Вести
Откако вчера на социјалните мрежи протече видеото на кое се гледа како дадилка во игротека во „Дежа ву“ во скопски Аеродром заврши во притвор.
Таа беше снимена од безбедносните камери како тепа и малтретира дете поради што е приведена, а надлежен јавен обвинител и одредил 30 дневен притвор, јави ТВ 21.
Детето кое го малтретирала имало околу две години, а жената заедно со него чувала уште две други деца.
Случајот го пријавил сопственикот на кафе барот и игротеката „Дежа ву“, кој случајно ги прегледувал снимките од безбедносните камери.
Инаку снимката на социјалните мрежи беше објавена на официјалната страна на скопското кафуле Дежаву во Капитол мол во Скопје снимена од една од своите безбедносни камери .

Таа дошла во игротеката на кафулето со три дечиња а во еден момент започнала таа го влече едното од децата, па го зема, му мава шамари па го фрла на стол.
По пријавата полицијата утврди дека станува збор за негувателка која била ангажирана да го чува детето.
Од игротеката апелираат со помош на ова видео, надлежните органи да превземат мерки за овој немил настан како жената би се идентификувала и казнила.
Во еден момент таа го влече едното од децата, грубо го седнува на нејзиниот скут, па го зема, му мава шлаканици, па грубо го фрла на една столица. Тука видеото се прекинува, и не може да се види што понатаму се случувало.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.