
Македонија
Инциденти
Во Струга педофилски напад врз малолетна девојка од затворски осуденик кој бил во бегство.
Вчера во 20:00 часот во Полициската станица Струга С.Ј [ 37 ] од Скопје пријавил дека истиот ден околу 15:00 часот во Струга во куќата на Ф.Н. каде престојува заедно со неговото семејството С.Џ. [ 39 ] од Скопје извршил полови дејствија над неговата 15 годишна ќерка.
Од страна на полициски службеници С.Џ. бил пронајден и приведен во полициска станица при што било констатирано дека се бара за издржување на казна затвор соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.