Според инспекторите од ДСЗИ кои во моментот се на терен во струмичката болница, триесет луѓе дошле по телото на починатиот, ја скршиле вратата и со се кревет го извадиле надвор и со комбе го транспортирале.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 септември, 2020 16:15

Триесет луѓе со се кревет го украле телото на починат пациент од Струмичката болница!

Фото/Текст извор: ©фокус.мк

Триесет луѓе денеска ја скршиле вратата на инфективното одделение во Струмичката болница и го земале пациентот, кој починал, а на кој претходно му бил направен тест за Ковид 19, информираат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за „Фокус“.

Според информациите до  кои дојде Фокус, пациентот во раните утрински часови бил примен на инфективното одделение како сомнителен случај на Ковид 19 и веднаш му бил земен брис дали е носител на вирусот или не. Во меѓувреме, неговата состојба се влошила и тој починал. Резултатите од неговиот тест се уште не се готови.

Според инспекторите од ДСЗИ кои во моментот се на терен во струмичката болница, триесет луѓе дошле по телото на починатиот, ја скршиле вратата и со се кревет го извадиле надвор и со комбе го транспортирале.

Во моментот, инспекторите се уште вршат увид во документацијата и што точно се случило, па ќе излезат со официјални детали.

МВР ќе го испитува случајот.

Инаку денеска велешкиот градоначалник, Аце Коцевски  соопшти дека на Инфективната клиника во Скопје како последица на Ковид 19 починало и 22-годишно момче од Свети Николе.

Според неговата информација, момчето најпрво се лекувало на Инфективното одделение од болницата во Велес, но поради компликации, минатата недела било итно пренесено во Скопје.

Коцевски апелираше до сите жители на општина Велес да ги почитуваат мерките за заштита затоа што последните десетина дена бројките покажуваат зголемување во тој реон.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Утринава бил сослушан и сопственикот на превозната фирма „Беса Транс“ и тој е достапен за македонските истражни органи, соопштија од македонското и од бугарското обвинителство. Дали за него ќе следува мерка притвор, ќе одлучува надлежниот јавен обвинител.

Соптвеникот на „Беса транс“ бил на распит, бугарското обвинителство најави расчистување на случајот

Државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите...

Министерот за транспорт и врски, Бочварски откри и дека автобусот на Беса Транс користел извод од лиценца на друг автобус, а попладнево кажа дека ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса Транс“ кој изгоре, не бил вработен во компанијата

ТРАГЕДИЈАТА СО „БЕСА ТРАНС“ ОТКРИВА И ГОЛЕМИ СИСТЕМСКИ ПРОПУСТИ ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ ВО ДРЖАВА

Владата како најодговорна за изнаоѓање на фирма која ќе се грижи за софтверот за полагање...