Во тек е печатењето на триесетина учебници по предмети од основно и средно образование.

Објавил: admin@magazin | 24 декември, 2018 7:44

Триесет нови учебници чекаат на печатење за училиштата

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Триесетина учебници по предмети од основното и средното стручно образование, треба да се испечатат и наскоро да им се поделат на учениците, информираат од Педагошката служба при Министерството за образование и наука.

Од министерството ѕа образование и наука појаснуваат дека се работи за дополнување на тиражот поради недостиг на книги во училиштата.Во тек е подготовка на учебникот по општество за четврто одделение додаваат во педагошката служба.

Вања Велева која две месеци е на местото директор на Педагошката служба при МОН открива дека до неа стигнале низа реакции во однос на проблеми со учебниците.

„На почетокот на годината имавме проблем со доцнење на учебниците. Тоа што сè уште не е дистрибуирано, е заради тоа што сме во фаза на јавна набавка за печатење, на учебниците по општообразовни предмети кои веќе ги има во електронска форма. Се работи за дополна на тираж, односно учебниците постојат, но недостасуваат примероци. Се работи за учебници по околу 30 наставни предмети, ако се земе предвид фактот дека по девет се во една година“, информира директорката Вања Велева.

На почетокот на учебната година, беа направени корекции на 22 учебници за основно и за средно образование: учебници по природни науки од 1 до 6 одделение, математика од 1 до 9 одделение, биологија од 7 до 9, хемија 8 и 9 одделение, како и учебниците по физика за 8 и 9 одделение. 

Објаснува дека МОН работи на формирање Комисии што ќе ревидираат конкретни учебници, а во кои ќе бидат луѓе, кои имаат допир со праксата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.