Трамвајска инфраструктура ќе почне да се подготвува пред Нова Година согласно најавите од актуелниот градоначалник Петре Шилегов.

Објавил: Сара Фемина | 2 ноември, 2019 19:13

ТРИФУН КОСТОВСКИ: Идејата за изградба на ТРАМВАЈ во Скопје е моја!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бизнисменот Трифун Костовски за ТВ21 тврди дека проектот за трамвај во Скопје е негов како поранешен градоначалник на Скопје.

Градот Скопје нема пари целосно да го финансира овој проект, па градоначалникот Петре Шилегов очекува голема помош од владата.

Не се исклучува можноста да се земе кредит бидејќи треба да се обезбедат околу 100 милиони евра. Премиерот Зоран  Заев пак соопшти дека дел од парите се обезбедени со ребалансот на годинешниов буџет, иако по тој основ таква ставка во документот нема.

„При изготвување на ребалансот на буџетот за 2019 година и фискалните проекции кои што се донесени се предвидени првите пари за да почнат постапките за тендерирање коишто траат од три до шест месеци“, рече премиерот Заев.

Еден билет нема да чини повеќе од 40 денари, вели Петре Шилегов. Просечната брзина пак со која ќе се движи ваквиот трамвај ќе биде околу 40 километри на час, а долги се 24 метри.

Поранешниот градоначалник на Скопје Трифун Костовски во интервју за ТВ21 вели дека проектот за трамвај во Скопје е негов.

Трамвајска инфраструктура ќе почне да се подготвува пред Нова Година согласно најавите од актуелниот градоначалник Петре Шилегов. Сума помеѓу 130 и 150 милиони евра ќе однесе реализацијата на проектот а првата фаза од трасата за трамвај е предвидена на релација Ново Лисиче – Ѓорче Петров.
„Трамвајскиот проект воопшто не е нивен проект и јас го оставив во првата фаза. Требаше да се реализира во три фази. Патеките беа дефинирани, само станиците требаше да бидат овластени.

Затоа јас како градоначалник не добив ниту еден денар од 7, 8 милиони евра што останаа на крајот на мандатот, чекајќи да се јави компанијата, затоа што претходно се договоривме со одредени компании кои правеа проекти. Меѓутоа, ваквите компании во тоа време беа исплашени од владата, затоа што јас бев градоначалник во заминување, дека тие ќе го спречат тој проект “, рече Костовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред

Важно соопштение од ЈСП: Автобусите ќе сообраќаат без временски ограничувања!

Јавното сообраќајно  претпријатие денеска преку соопштение информираше дека од...

Со бележењето на хоризонтана сообраќајна сигнализација на булевар АСНОМ во општина Аеродром, од утре граѓаните ќе возат по новиот проширен булевар!

ОД УТРЕ СКОПЈАНИ ЌЕ ВОЗАТ ПО НОВИОТ БУЛЕВАР АСНОМ!

Со бележењето на хоризонтана сообраќајна сигнализација на булевар АСНОМ во општина...