На Боки 13 покрај комбинациите со Јанева, на товар му се става и делото „Перење пари“.

Објавил: Валерија Петрова | 10 октомври, 2019 17:27

Тросед, двосед, табуретка и 50.000 евра во кеш завршиле кај Катица Јанева

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Тросед, двосед, табуретка и 50.000 евра во кеш може да и донесат 3 години затвор на Катица Јанева доколку обвинителството успее да до докаже обвинението кое против неа, Боки 13 и Зоран Кичеец го покрена денеска, објави Сител

„Со преземените службени дејствија второобвинетата ја искористила и ја пречекорила својата службена положба и овластување и за себе прибавила имотна корист во значителен износ и тоа во предмети – мебел во износ од 296.040,00 денари и пари во износ од 50.000 евра, а за противзаконито влијание другите двајца обвинети примиле награда од 1.500.000 евра“ – стои во соопштението на обвинителството.

На Боки 13 покрај комбинациите со Јанева, на товар му се става и делото „Перење пари“.

„Првообвинетиот иако невработен, со блокирани трансакциски сметки и без приход, на почетокот на оваа година купувал за себе луксузен мебел, облека и обувки и престојувал во луксузни летувалишта – ресорти надвор од нашата земја што упатува дека ги пуштил во оптек паричните средства што ги прибавил со кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“.“ – велат од Обвинителството.

За секое од овие две дела кои обвинтиелството му ги става на товар, на Јовановски му се закануваат затворски казни од една до 10 години.

И Кичеец ќе се гони за примање награда за противзаконско влијание. Според Обвинителството, тој бил задолжен да договара средби со сопругата на Орце Камчев и да го уверува дека Боки 13 има силно влијание врз Катица Јанева.

Заедно со обвинението, обвинителството побара од Судот тројцата обвинети пресудата да ја чекаат во притвор.

Катица Јанева, Боки 13 и Зоран Кичеец на крајот од летово беа приведени откако во медиумите беа објавени видео снимки и телефонски разговори кои индицираат дека изнудиле 1,5 милиони евра во кеш од Орце Камчев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Меркел по самитот на лидерите на ЕУ во Брисел рече дека не е тајна оти за време на расправата за проширување, Франција, Холандија и Данска имале резерви кон натамошните чекори на Скопје и Тирана.

Меркел жали дека немало консензус за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка Ангела Меркел на крајот на Самитот во Брисел изрази дека немало...

На лидерската средба, како што соопштија од кабинетот на претседателот, се поканети претседателот на СДСМ Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ Али Ахмети претседателот на Алијанса за Албанците Зиадин Села, претседателот на Алтернатива Африм Гаши и претседателот на Движење Беса Билал Каса

ПЕНДАРОВСКИ ИСПРАТИ ПОРАКА ДО НАЦИЈАТА: Време е да се обединиме – претседателот закажа лидерска во недела

Лидерска средба на иницијатива на претседателот Стедво Пендаровски, на која ќе присустуваат...

Доколку биде направена таква грешка тогаш не треба да се лутиме за проблемите што ќе настанат – што ќе има џихадисти, влијанија од Русија, Турција или Кина.

БОРИСОВ: „Би се направила историска грешка ако ЕУ ги одбие Македонија и Албанија„

Република Македонија и Албанија треба веднаш да добијат датум за преговори. Би се направила...

Инаку непосредно пред почетокот на Европскиот совет во Брисел, францускиот претседател Емануел Макрон при пристигнувањето во Советот им се обрати на новинарите и во таа пригода не кажа ништо за прашањето за проширувањето и датумот за почетокот на преговорите, кое ќе биде една од точките на Самитот, јавува дописникот на МИА.

Дописничката на МИА напиша: Македонските лидери да сфатат дека за Македонија нема место во ЕУ

Дописничката на државната МИА, внука на Борјан Јовановски, Тања Милевска апелира до...