-Кога тоа било направено и крварењето било запрено, пациентката била препратена на лекување на Државната клиника „Мајка Тереза” во Скопје, прецизира ОЈО.

Објавил: admin@magazin | 7 мај, 2022 8:36

Тројца лекари од Струга обвинети за тешки дела против здравјето на луѓето

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против три лица за кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 3 во врска со член 207 став 1 и 3 од Кривичниот законик.

Како што информира ОЈО, првообвинетиот како лекар – специјалист гинеколог акушер,  второобвинетиот како лекар – специјализант по гинекологија и акушерство и третообвинетата како лекар – гинеколог акушер, вработени во Јавната здравствена установа – Медицински центар – Струга, при укажување лекарска помош примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување врз пациентка – родилка од Дебар, со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба.

-Родилката била примена на 27.08.2020 година заради породување на гинеколошкото одделение, бидејќи била во 40-тата недела од бременоста. Ја примил првообвинетиот кој ја воде како пациент во текот на целата бременост и донел одлука породувањето да биде извршено со царски рез. При операцијата му асистирал второобвинетиот, но при изведувањето на царскиот рез тие ја оштетиле левата бубрежна артерија. Како резултат на ова оштетување дошло до влошување на здравствената состојба на пациентката, која била нестабилна, но и покрај тоа обвинетите не презеле никакви мерки за утврдување на причините за влошување на нејзината состојба. Со терапијата која и ја дале дополнително ја влошиле состојбата на пациентката и задоцниле со реакцијата, поради што кај неа настанала огромна загуба на крв и западнала во состојба на шок, соопшти ОЈО.

Во такви услови, се вели во соопштението, првообвинетиот со асистенција на третообвинетата се решиле да извршат нов оперативен зафат за да го спречат крварењето, да и ја отстранат матката и левиот јајник иако на овие органи немало никакви промени или повреди. Откако и по затворањето на пациентката крварењето не престанало, тие се решиле за уште еден оперативен зафат при што хирурзите откриле дека крварењето доаѓа од оштетувањето на бубрежната артерија предизвикано при царскиот рез. Заради неможноста да се реконструира бубрежната артерија, таа морала да се подврзе и да се отстрани левиот бубрег со цел да се спаси животот на оштетената.

Кога тоа било направено и крварењето било запрено, пациентката била препратена на лекување на Државната клиника „Мајка Тереза” во Скопје, прецизира ОЈО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Постоењето на бункери не е новообичаено и низ историјата и во сегашноста ги има и во САД, Австралија и на други места.

Бункерите во Албанија сведочат за минатото, се бараат алтернативни решенија за користење

Последниве две години особено, Албанија бележи рекорден раст по бројот на странски...

– Зарем вие се сомневате во примитивноста на тој господин, јас не се сомневам. И токму тоа што го кажа пратеничката Стојановска, тоа се и случило на денешната парламентарна седница. Може да глумите во животот, но, вашето лице порано или подоцна излегува на површина, рече Мицкоски во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21.

Мицкоски за Маричиќ: Зарем вие се сомневате во примитивноста на тој господин, јас не се сомневам

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вчера ги коментираше денешните случувања...

„Донесовме и нова одлука за намалување на маржата кај овошјето и зеленчукот, со што дополнително ќе се намалат цените во износ од 30 проценти за овие производи. Кон мерката гарантирана цена како општествено одговорни компании самоиницијативно се приклучија производителите на безалкохолни пијалаци и вода и ова е за поздравување“, рече Ковачевски

Пивото, соковите и водата од утре со намалена цена, најави Ковачевски

По анализите на Владата, како што рече, било утврдено дека треба да има дополнително...

Бектеши при денешната посета на компанијата „Горска“ изјави дека од јули до денеска се забележува многу голем извоз на одредени земјоделски производи и порача дека Владата нема намера да субвенционира производи за други држави.

Ако трговците продолжат со зголемен извоз на овошјето и зеленчукот, ќе предложиме целосно укинување на увозните давачки, вели Бектеши

Македонскиот пазар да не им биде резервен на трговците со овошје и зеленчук во снабдувањето...