Како што објави УЈП, ова е само еден детал од истрагите во Меѓународен сојуз, БЈ медиа груп, 1ТВ и Томато доел.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 октомври, 2019 13:21

Трпезариска маса, кујна, гарнитури: Луксузниот мебел наместо 1ТВ, ќе си го плаќа Боки 13

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

1ТВ денеска на првоосомничениот Бојан Јовановски или во јавноста познат како Боки13 кој моментално е во притвор во затворот во Шутка, му го  префактурирала мебелот кој бил во телевизијата.

Станува збор за трпезариска маса, кујна, гарнитури, соопшти денеска Управата за јавни приходи.  

(15 јуни 2019) на граничен премин со Грција уапсен е Бојан Јовановски познат како Боки 13, а во Скопје уапсен е Зоран Милевски (Кичеец). Двајцата се ставени во притвор, а на Катица Јанева истата вечер и беше одземен едниот телефон.

Со ова дејство 1ТВ му го продава на Јовановски овој мебел и тој е задолжен да го плати, објави Фактор.мк. 

Како што објави УЈП, ова е само еден детал од истрагите во Меѓународен сојуз, БЈ медиа груп, 1ТВ и Томато доел.

Од УЈП утврдиле дека за промоциите на концертите на Марија Шерифовиќ и Северина не се даночно чисти, односно се евидентирани како приходи а за нив не е платен данок.

УЈП за ова ќе поднесе кривични пријави Повеќе детали се најавени наскоро.

Инаку на Бојан Јовановски веќе трет пат му беше одреден притвор од по 30 дена како првоосомничен во слулајот Рекет, во кој заедно со бизнисменот Зоран Милевски Кичеец изнудиле 1.5 милиони евра од бизнисменот Камчев. 

Во случајот како третоосомничена е и поранешната јавна обвинителка Катица Јанева која моментално се наоѓа во притвор во затвороот во Шутка.

Зоран Милевски Кичеец беше пуштен во домашен притвор.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Закони

Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 кг се подразбира:

Подгответе го возилото обезбедете зимска опрема: Што треба да имате од 15 ноември?

Согласно член 361 став (1) од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата моторните...

Андов пишува и за атентатот врз Глигоров кога отишол да го посети претседателот во болница.

ФРЧКОВСКИ: Андов е ШУШУМИГА и политичар без интегритет- Ќе биде ли зaбpaнeтa книгата „До aтeнтaтoт и по него“?

Денеска во Основниот суд Скопје-2 треба да продолжи судското рочиште за тужбата за...

Денес УЈП е отворена институција и за фирмите и за граѓаните, одговорна за реализација на реформи кои се од корист на граѓаните, на сите даночни обврзници!

ЛУКАРЕВСКА: „УЈП беше синоним за репресија, уцени, закани и беше во служба на ВМРО ДПМНЕ„

СДСМ како одговорна партија, пред граѓаните презеде обврска за професионализација...

Откриени се 25 останати прекршоци за кои се издадени 14 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози.

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Над 100 казни за возачи на мотори и автомобили во Скопје!

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат...