Огласи
Туризам
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2020 година изнесува 75.591, кои оствариле 436.180, што е значително помалку во однос на минатата година, пренесува Ohrid News!
Бројот на туристите во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, е намален за 56.0%, а бројот на ноќевањата е намален за 36.1%.
Бројот на домашните туристи во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, е намален за 4.8%, а бројот на странските туристи е намален за 94.9%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, е намален за 6.3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 93.4%.
Во периодот јануари ‒ јули 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 67.4%, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 43.9%, а кај странските има намалување за 79.6%.
Во периодот јануари ‒ јули 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 56.6%, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 30.8%, а кај странските има намалување за 80.3%.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Туризам
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.