За тест за излез од земјата нема никаква логика, а посебно кога се патува во земји кои за влез не бараат никаков тест.

Објавил: Владо Марин | 18 август, 2021 4:00

Туристичките агенции најавија протест доколку Владата воведе PCR тест за влез во земјава

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Туристичките агенции преку соопштение најавија дека ќе протестираат доколку Владата ја усвои новата мерка за задолжителен ПЦР тест при влез во Македонија.

„Туристичкиот сектор не смее да трпи уште една огромна загуба доколку надлежните иституции донесат одлука да се влегува во државата со задолжителен PCR тест. Ваквото мислење го делат сите туристички агенции, кои веќе неколку месеци се борат да опорават од катастрофалната 2020-та година, кога туризмот беше во мрак.

Ние како збир од туристички агенции сметаме дека вакцинацијата е неопходен чин за заздравување на економијата, намалување на смртните случаи и бројките на новозаразени граѓани. Како приватен секор кој се бори за да опстане во живот, сметаме дека доколку се донесе одлука за влез во државата со задолжителен PCR тест ќе ги поттикне сите кои веќе уплатиле за годишен одмор да ги бараат средствата да им бидат вратени назад, а кои средства се веќе уплатени до нашите партери соработници во странство. Ова ќе значи тотален колапс, а со тоа и затварање на многу од агенциите.

Досега не сме се соочиле со реакции од страна на нашите патници дека се вратиле од годишен одмор инфицирани од Ковид-19. Дел од патниците се веќе вакцинирани, а останатиот дел кои патуваат надвор се со PCR тест или Брз антиген тест што укажува на фактот дека патниците кои патуваат приватно и патниците кои патуваат во групи се целосно безбедни. Она што се бара од надлежните институции е да се задржат актуелните мерки. Сметаме дека не е потребно да се наметне задолжително тестирање за влез во земјите во кои не е потребен тест како што се Албанија и Црна Гора.

Исто така сметаме дека надлежните институции треба да спроведат детална анализа на граничните премини користејќи го моделот на „тестирање по случаен избор“ на македонски туристи кои се враќаат дома.

По сето ова ќе може да се утврди дали е потребно задолжително тестирање, треба да се постават мобилни екипи во меѓуграничниот појас каде граѓаните ќе може да направат брзи тестови по повластена цена кои низ лабораториите се движат од 800 до 1000 денари. Или да може со брз self тест да се вратат граѓаните во сопствената земја.

За тест за излез од земјата нема никаква логика, а посебно кога се патува во земји кои за влез не бараат никаков тест.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Граѓаните реагираат дека секое пазарување се соочуваат со ново ценовно изненадување. Тоа го покажа и статистиката инфлацијата скокна за 16 отсто на годишно ниво

Македoнскиот леб е меѓу најскапите во регионот, цените и понатаму растат

Цената на лебот продолжува да расте. Одредени видови на леб деновиве се со повисоки...

Снимката на која се гледаат огромни колони автомобили на Крим, украинскиот полуостров анектиран од Русија во 2014 година, стана вирална на социјалните мрежи.

СВЕТ Руските цивили масовно го напуштаат Крим: Овде беше толку убаво

Како што пренесува британски Телеграф, во автомобилите кои создале голема гужва се...