Вицепремиерот Битиќи во своето обраќање на настанот ја поздрави одлуката на компанијата, која и покрај актуелната ситуација, одлучи да продолжи со реализација на својот проект, со што ја покажа довербата во економските политики на Владата на Република Македонија и за позитивната деловна клима за инвестирање во земјата.

Објавил: Мартин Попоски | 22 февруари, 2021 4:15

Турската компанија Пурпласт во првата фаза инвестира 5,1 милиони евра и отвора 40-50 работни места во ТИРЗ Скопје 2

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Турската компанија Пурпласт, која има 40 годишно искуство во автомобилската индустрија и своите производи ги извезува во 36 земји во светот, во втората половина на 2021 година, ќе ја отвори својата нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2 во која реализира инвестиции од 5,1 милиони евра, а каде иницијално ќе се вработат 40-50 лица.

Ова беше соопштено на прес конференцијата во Владата, кадешто беше потпишан договорот за државна помош за реализација на оваа инвестиција, а на која присуствуваа Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, директорот на дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Јован Деспотовски и извршниот директор на Пурпласт, Мехмед Шишманоглу.

Вицепремиерот Битиќи во своето обраќање на настанот ја поздрави одлуката на компанијата, која и покрај актуелната ситуација, одлучи да продолжи со реализација на својот проект, со што ја покажа довербата во економските политики на Владата на Република Македонија и за позитивната деловна клима за инвестирање во земјата.

Тој додаде дека е донесена правилна одлука, а Пурпласт ковид кризата ја препозна како можност со нови инвестиции во нови производствени линии да влезе во пост ковид периодот.

Сакам да ја поздравам ажурноста на менаџментот на Пурпласт, кои досега веќе ја надминаа минималната сума на инвестиции предвидена во деловниот план, а која изнесуваше 4 милиони евра и инвестираа досега 5,1 милион евра во фабриката во Бунарџик, а за почеток се планира вработување на 40-50 лица. Се надевам декам ќе се остварат сите услови и дека развојните планови ќе продолжат, а тие предвидуваат инвестиции до 12 милиони евра и вкупно 215 работни места“, посочи Битиќи.

Вицепремиерот нагласи дека со отвореноста, посветеноста во креирање на уште подобра деловна клима, креирање на низа на мерки за поддршка на инвестиции во производството и стимулирање а извозните компании, Владата ја заслужи довербата на компаниите, а ќе се продолжи уште посилно и  доследно во спроведувањето на намерите за подигнување на конкурентноста на македонската економија.

Тоа може да го направиме само со привлекување на нови странски компании, но и со стимулирање на технолошкиот развој, модернизација и дигитализација на домашните компании, со освојување на нови пазари и градење на производствен бренд, кој  во светот ќе се препознава по квалитетот . Изминатите 3 години, докажавме како Влада дека сме стабилен партнер на бизнисот. Сите преземени обврски во однос на договорите за државна помош, се навремено и целосно сервисирани. Заедно со компаниите создадовме цврсти конекции базирани на меѓусебна доверба, но и максимална посветеност во реализација на ветените и преземените обврски од двете страни“, подвлече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски нагласи дека ова е втората објава на инвестиција во ТИР зоните во само 45-те дена од новата 2021 година, а воедно го презентираше пактотот за државна помош кој се содржи во договорот кој е потпишан со Пурпласт.

Технолошко индустриските развојни зони стануваат сè поотворени за странските инвеститори. Во 45 дена веќе ја покажуваме и втората конкретна инвестиција со која склучуваме договор. Турската компанија Пурпласт е новиот инвеститор во ТИРЗ Скопје 2. Започнува со почетен инвестициски циклус од 5,1 милион евра и 50 од вкупно предвидени 200 вработени, наши сограѓани. Платите ќе се движат од 20.000 до 75.000 денари, сегмент кој внимателно ќе го следиме. Како Влада и како ТИРЗ продолжуваме со презентирање на конкретни резултати. Воведовме нова пракса на профилирање на инвеститорите и правење домакински есап. Истиот покажува дека државата може за помалку од 10 години да очекува поврат на доделените државни средства по разни основи. Наша цел е со посебни механизми кои ги развивме да ги поттикнеме инвеститорите што побрзо да ја искористат државната помош и побрзо да почнат да враќаат во државниот буџет“, рече директорот Деспотовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Како што објави денеска Телма, Министерството за внатрешни работи немало таква опрема за 24 часовно следење со аудио и видео.

МВР нема опрема за 24 часовен надзор на Мијалков со видео и аудио каков што определи судот

Сашо Мијалков требаше да биде под 24 часовен аудио и видео надзор, така одлучи Кривичен...

„Цела крими коалиција заедно со народот ќе ве победам и Да, знам дека ќе поткупувате, уценување, лажете, крадете, притискате, но и тоа овој пат нема да ви помогне…

На Мицкоски му пукна филмот: Цела крими коалиција заедно со народот ќе ве победам

Колку што време трошите на мене да ми наштетите, половина од тоа време да трошевте на...