Според објавените податоци во четвртокот, во Турција има 41.915.985 мажи и 41.698.377 жени, или 50,1 процент мажи и 49,9 проценти жени!

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 февруари, 2021 21:02

ТУРЦИЈА ВО 2020 ГО ЗГОЛЕМИ НАСЕЛЕНИЕТО: Број на жени и мажи скоро еднакви

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Турскиот институт за статистика објави дека населението во Турција се зголемило за 459.369 лица минатата година во споредба со претходната година.

Бројот на жители во Турција на крајот на 2020 година надмина 83,6 милиони, што е зголемување за 0,55 проценти на годишно ниво, објави агенцијата Анадолија.

Според објавените податоци во четвртокот, во Турција има 41.915.985 мажи и 41.698.377 жени, или 50,1 процент мажи и 49,9 проценти жени.

Според Административниот систем за регистрирање на населени места во Турција, населението во земјата во 2011 година изнесуваше 74,7 милиони луѓе, од кои речиси три четвртини живееле во градовите.

Според проценката за 2011 година, населението се зголемува за 1,35 проценти секоја година.

Турција има просечна густина на население од 97 луѓе на км2. Луѓето во групата од 15 до 64 години претставуваат 67,4 проценти од вкупното население; возрасната група од 0-14 одговара на 25,3 проценти; додека постарите граѓани на возраст од 65 години или повеќе сочинуваат 7,3 проценти.

Во 1927 година, кога првиот официјален попис бил регистриран во Република Турција, населението било 13,6 милиони.

Најголемиот град во Турција, Истанбул, е исто така најголемиот град во Европа по население, и трет по големина град во Европа во однос на големината!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Новиот закон исто така ќе има обврска да ги обезбедува потребите на членовите на семејството за време на поднесувањето на апликациите за повторно обединување на семејството, што е воведено со привремениот закон.

Шведска ги заострува правилата за постојано вселување

Законскиот план на социјалдемократската влада во коалиција со Зелените, треба да го...

Неприфатливо е што 70 проценти од дозите на вакцини досега се дистрибуирани на граѓани од само 10 земји, а некои земји немаат ниту една доза, вели таа.

СТО: Компаниите мора да произведат доволно вакцини или да издаваат лиценци

Фармацевтските компании треба да произведат доволно вакцини против Ковид-19 за сите...

Успеавме да го моделираме влијанието на климатските промени според различните сценарија на растечки емисии на стакленички гасови врз екосистемот на Арктичкиот океан.

СЕВЕРНИОТ ЛЕДЕН ОКЕАН ОСТАНА БЕЗ МРАЗ? Научниците направија мрачна прогноза, до 2055 година сè ќе биде поинаку

Меѓународен тим на истражувачи предвидува дека Арктичкиот океан најверојатно ќе остане...

Воведени се нови ограничувања долж нормално отворените граници поради избувнувањето на жариштата на нови соеви на коронавирус, кои се шират побрзо и предизвикуваат повеќе случаи во Чешка и Австриски Тирол, објави Ројтерс.

ГЕРМАНИЈА ЗА КОНТРОЛИТЕ НА ГРАНИЦИТЕ СО АВСТРИЈА-ЧЕШКА: Ова е привремено заради брзото ширење на нови видови на вирусот

Германија денес објави дека нејзината одлука за воведување гранична контрола со Чешка...