"Македонија е многу важна држава за Република Турција и за турскиот народ" рече портпаролот Ибрахим Калин.

Објавил: Сара Фемина | 21 декември, 2018 21:40

Турција со голема поддршка за членството на Македонија во ЕУ и Нато

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Делгацијата во чиј состав се портпаролот на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, Ибрахим Калин, советникот за Западен Балкан на претседателот Ердоган, Сабри Демири, амбасадорката на Република Турција во Република Македонија, Тулин Еркан Кара, претседателот на организацијата ТИКА, Сердар Чам, се сретна со со националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски.

Калин истакна и дека е голем интересот на турските бизнисмени да инвестираат во Македонија, што е придонес на Турската бизнис заедница кон економско зајакнување на Република Македонија.

Македонија е многу важна држава за Република Турција и за турскиот народ, посебно затоа што многу големи личности во Турската историја потекнуваат од овие простори, меѓу кои и авторот на химната на Република Турција и голем број на пратеници во турскиот парламент, рече портпаролот Ибрахим Калин.

 Република Македонија од почетокот на своите аспирации за членство во НАТО во Република Турција има не само сојузник, туку и голем верен верен пријател изјави Пендаровски.

Голема поддршка на патот на Македонија кон членство во НАТО и ЕУ искажа денеска високата труска делегација која е во посета на земјава по повод Денот на наставата на турски јазик.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Честитајќи им на „ренџерите“ на новите реновирани простории министерката изрази задоволство што добиваат подобри услови за работа и што тоа значи нов чекор во подобрувањето на стандардите во Армијата.

Армиските ренџери добија нови реновирани простории

Министерката Радмила Шекеринска денес во касарната „Илинден“ го посети реновираното...

Зоран Заев мора да знае дека по промената на власта ќе има детална истрага каде, како и за што биле трошени парите на граѓаните, кои треба да се враќаат во следните 10, 15 или 20 години.

Заев најавува ново задолжување од 700 милиони евра, јавниот долг ќе надмине 7 милијарди

Владата најавува ново задолжување преку еврообврзница од 700 милиони евра. Овие пари...

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од 4 март 2021 година.

МТСП: Од утре започнува исплата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од утре 4 март (четврток)...

Од почетокот на 2020 година – 164 доктори, 247 медицински сестри и 35 специјалисти добиле статус на вработени на неопределено време.

ВО ТЕКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА – 446 НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО

Министерството за здравство информира дека минатата година беа реализирани 446 нови...