
Свет
Вести
Турскиот весник „Дејли Сабах“ денеска објави дека Турција ја затвори границата со Иран како мерка против ширење на коронавирусот.
Откако во Иран беа регистрирани 43 заразени случаи, од кои досега починале осум лица, Турција реши да направи чекорза заштита, па ја затвори границата со Иран.
Заклучно од денеска, затворени се граничните премини Капикеи и Есендере на турско-иранската граница.
Тоа ќе ги смени плановите на голем број туристи, кои доаѓаат од Иран во Турција во пресрет на празникот Навруз.
Поради паника и страв од ширење на Коронавирусот, иранските власти донесоа одлука да ги затворат сите образовни институции во неколку провинции во земјата, сите културни настани се откажани, а повеќе спортски натпревари не се откажано но ќе се одиграат без публика.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.