
Македонија
Вести
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган на средбата во Њујорк со косовскиот претседател Хашим Тачи, вети поддршка за Косово за обезбедување нови признавања на независноста.
Ердоган на средбата исто така вети и поддршка за зачленување во Интерпол на Генералното собрание на организацијата, што во ноември ќе се одржи во Дубаи, соопшти кабинетот на Тачи.
На средбата одржана во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации, двајцата претседатели разговарале за продлабочување на билатералната соработка, зголемување на трговската размена и соработката во полиња од заеднички интерес.
Според соопштението, Тачи го информирал турскиот претседател за финалната фаза од дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија и за неопходноста од постигнување конечен и правно обврзувачки договор.
Претседателот Ердоган изјавил дека го поддржува постигнувањето договор меѓу двете земји, се наведува во соопштението од кабинетот на Тачи.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.