Се спрема во есен за да го пополни недостатокот на свеж зеленчук во текот на зимските месеци.

Објавил: admin@magazin | 5 октомври, 2022 16:26

ТУРШИЈА ВО БУРЕ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Туршија – зеленчук, пиперки, зелени домати, краставички, карфиол – конзервирани во киселина.

Ова јадење е распространето на Балканскиот Полуостров и на Блискиот Исток, на сончевите простори кои располагаат со доста овошје и зеленчук. Се спрема во есен за да го пополни недостатокот на свеж зеленчук во текот на зимските месеци. 

Туршијата се служи како предјадење или мезе.

Состојки:

• 14 кг пиперки

• 2 кг моркови

• 7 кг корнишони

• 2 кг карфиол

• 2 кг зелени домати

За преливање:

• 30 л вода

• 1,2 кг сол

• 400 400 гр шеќер

• 30 гр винобран

• 30 гр конзерванс

• 500 гр есенција

• бибер во зрно и ловоров лист

Начин на Приготвување

1. Зеленчукот убаво се мие, а пиперките корнишоните и зелениот домат се прободуваат со вилушка.

2. Во чисто буре се редат зеленчуците наизменично. слој врз слој.

3. Во голем сад се мешаат сите состојки за преливот за туршија дури не се растворат солта и шеќерот, па откако ќе се наполни бурето со зеленчук, се прелива со преливот и се затвора бурето.

4. Бурето би требало да биде во ладна просторија ( подрум ) на релативно постојана температура.

5. Треба да поминат најмалку 2 недели пред да почне да се јаде од туршијата, за да впијат сите зеленчуци од преливот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.