Келер додава дека ова сугерира дека ваквите Т-клетки можат да се користат во адаптивна имунотерапија кај ранливите групи на пациенти, особено кај оние чиј имунитет е нарушен со хемотерапија или како резултат на трансплантација на органи и слично.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 октомври, 2020 7:15

Т-клетките од крвта на оздравени COVID-19 пациенти може да ги заштити најранливите групи од инфекција со коронавирус

Фото/Текст извор: ©педијатар.мк

Клетките земени од примероци на крв кај пациенти кои се опоравиле од болеста COVID-19 може успешно да се размножуваат во лабораторија и да ја задржат способноста ефикасно да ги таргетираат протеините на вирусот SARS-CoV-2, кои се клучни за неговото функционирање, покажува новата студија објавена во „Blood“.

„Откривме дека многу луѓе кои ќе се опорават од COVID-19 имаат Т-клетки кои ги препознаваат и таргетираат вирусните протеини на SARS-CoV-2, давајќи им имунитет од вирусот бидејќи тие Т-клетки се подготвени веднаш да реагираат“, вели Мајкл Келер, специјалист за педијатриска имунологија од „Children’s National Hospital“ во Вашингтон, кој го предводеше истражувањето.

Програмата за терапија со Т-клетки моментално бара одобрување од Управата за храна и лекови на САД (ФДА) за започнување на првата фаза на тестирање, со што ќе се утврди безбедноста и ефикасноста на употребата на COVID-19 специфичните Т-клетките за зајакнување на имунолошкиот одговор кај имунокомпромитираните пациенти!

Келер додава дека ова сугерира дека ваквите Т-клетки можат да се користат во адаптивна имунотерапија кај ранливите групи на пациенти, особено кај оние чиј имунитет е нарушен со хемотерапија или како резултат на трансплантација на органи и слично.

Теоријата е дека проширена група на Т-клетки кои го напаѓаат новиот коронавирус можат да се внесат во телото на пациенти кои се имунокомпромитирани за да им се помогне во изградбата на имунолошкиот одговор дури и пред да се најде вирусот во нивното тело. Ова исто така би значело дека на тој начин може и активно да бидат заштитени од сериозни и опасни по живот болести.

„Видовме дека имунокомпромитираните пациенти не се во состојба сами да се борат против вирусот, а тоа може да ги спречи или одложи потребните терапии за лекување на рак или други болести. Ваквиот пристап може да послужи како опција за нивна заштита, особено затоа што нивната постоечка здравствена состојба ја прави употребата на вакцина против SARS-CoV-2 несигурна или неефикасна“, вели Кетрин Болард, коавтор на студијата и директор на Центарот за рак и имунологија во „Children’s National Hospital“.

Овие Т-клетки можат да се користат во адаптивна имунотерапија кај ранливите групи на пациенти

Таквите Т-клетки би се одгледувале од периферната крв на донаторите кои биле позитивни на COVID-19 и се излекувале. Она што ги прави овие клетки посебни е и тоа што тие се концентрираат на вирусните протеини на мембраната на вирусот, а не на таканаречените шила на новиот коронавирус, кои всушност се во фокусот на развојот на вакцините. Затоа, ова истражување отвора нови можности за развој на ефективна вакцина против COVID-19.

Програмата за терапија со Т-клетки моментално бара одобрување од Управата за храна и лекови на САД (ФДА) за започнување на првата фаза на тестирање, со што ќе се утврди безбедноста и ефикасноста на употребата на COVID-19 специфичните Т-клетките за зајакнување на имунолошкиот одговор кај имунокомпромитираните пациенти. (News Medical)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција посочи дека охрабрувачки е тоа што расте бројот на оздравени пациенти од коронавирус.

Филипче: Нема потреба од нови мерки, овие кои се воведени даваат резултати

Министерот за здравство, Венко Филипче смета дека нема потреба од дополнителни мерки...