Како што објави порталот се уште не се познати причините за нејзиното апсење, а Маја во моментов се наоѓа во полициckо комбе. Маја го известила порталот инфомакс дека полицијата ја нocи во полициckaта станица БЕКО.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 јули, 2019 18:10

Уапсена мајката на убиеното момче Пино

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Маја Трпковска , мајката на убиеното момче Пинета Секондо, е уапсена денеска на плоштадот Македонија објави порталот ИНФОМАКС.

Убиеното момче Пино заедно со неговиот помал брат и мајката  Маја Трпковска.

Како што објави порталот се уште не се познати причините за нејзиното апсење, а Маја во моментов се наоѓа во полициckо комбе. Маја го известила порталот инфомакс дека полицијата ја нocи во полициckaта станица БЕКО.

Според извори на порталот, најверојатно Маја Трпковска протecтирала на плоштадот Македонија, каде го извикувала името на државата ,,Македонија”, по што таа и нејзините пријатели биле пpивeдени, поради досега непознати причини.

За кратко Инфомакс ќе има вклучување директно од пред полициckaта станица, а повеќе детали за нacтанот ќе имаме во текот на денот. Според неофицијални информации со неа се наоѓале и странски државјани кои исто така се пpивeдени.

За потсетување, Маја Трпковска во ексклузивно интервју за нашиот портал Магазин.мк откри повеќе детали, и пред јавноста ја раскажа вистината за убиството на своето синче. Таа во емотивното интервју откри какво е чувството за изгубеното синче и како ги поминува деновите од кога Пино, повеќе не е на овој свет. 

Таа е свесна дека животот мора да продолжи понатака, но не знае како и нај кој начин ќе ја надомести тагата за изгубеното дете, но едно е јасно мора да се живее со болката, бидејќи тоа му го должи на вториот син. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Камчева во судницата истакна дека се плашеле од моќта на поранешната шефица на СЈО Катица Јанева. Таа открива дека најпрво за случајот Рекет го информирала поранешниот директор на УБК, Горан Николовски и со него остварила две средби. На негово прашање зошто нема доверба во институциите таа му одговорила дека пред неа Јовановски разговарал на телефон со многу луѓе од власта, политичари, министерот за внатрешни работи, судии и обвинители.

Камчева пред судиите: Боки разговараше со Оливер Спасовски, oбвинитeли, политичари и со луѓе од власта

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева која денеска во својство на сведок...

„Ве толерирам, преќутувам, за да не дојде до сцена, ама вие двајца си правите муабет, наместо испитување“, им вели судијката Васка Николовска Масевска.

КОНФЛИКТ ВО СУДНИЦАТА: Боки до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене

Атмосферата за време на судењето за случајот „Рекет“ е се по тензична. Бојан Јовановски...