Од полицијата наведуваат дека Петра Р.(31) е вработена во Здравствениот дом- Загреб, каде била задолжена да внесува податоци за вакцинација на лица во системот.

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 ноември, 2021 11:19

Уапсена медицинска сестра од Загреб, фалсификувала ковид сертификати

Фото/Текст извор: ©магазин

Медицинска сестра од Загреб е уапсена за издавање на фалсификувани ковид сертификати на осум лица, кои ги внела во списокот на вакцинирани врз основа на што ваделе потврди.

Засега не е познато колку наплаќала за услугата, но со неа е приведен и нејзиниот 22 годишен пријател, кој бил посредник во комуникацијата со лицата кои сакале невакцинирани да добијат сертификати.

Од полицијата наведуваат дека Петра Р.(31) е вработена во Здравствениот дом- Загреб, каде била задолжена да внесува податоци за вакцинација на лица во системот.

Уапсената медицинска сестра ги искористила своите овластувања и за осум лица во октомври внела неточни податоци во системот дека се вакцинирани со една или две дози вакцина, а истите ги користеле за патување во странство, или за влез во државни институции.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

– Лошата работа е што нашиот премиер како историска писменост е нула, како тим што може да го советува е две нули. Не можете да отидете и да кажете дека во Бугарија имало фашистички режим, но Бугарите не биле фашисти. Тој мораше да им одговори: „Господа, немаше фашизам во Бугарија и тоа е научно докажано и треба да ставите крај на овие југословенски и советски клишеа“ – инсистира Каракачанов.

Тој е скептичен дека новите идеи на Петков и на неговата влада ќе дадат резултат.

– Не можете да се откажете од идентитетот, од фактот дека во Скопје се води политика на говор на омраза. Што значи да успееме? Да клекнеме пред тврдењата на Македонците или да ги направиме нормални европски граѓани. Во наш интерес е да се однесуваме како суверена држава, а не како никаквеци и да се однесуваме како луѓе кои ги бранат интересите на Бугарија – рече Каракачанов.

Каракачанов: МАКЕДОНЦИТЕ СТРАДААТ ОД СОПСТВЕНАТА ГЛУПОСТ

Лошата работа е што нашиот премиер како историска писменост е нула, како тим што може...

Директорот на компанијата Иван Лончаревиќ рече дека инвестицијата е реализирана во јули 2020 година, но одби да каже колкава била нејзината вредност, пишува Ројтерс. Квантбиорес вработува 11 научници во Данска, Австралија и Словенија, а примарната цел ѝ е да развие лек за ковид, а не вакцина, рече Лончаревиќ.

Компанијата развива пептид што спречува коронавирусот да ги заразува човечките клетки и очекува клиничкото тестирање да почне во Велика Британија ова лето, рече Лончаревиќ.

Ѓоковиќ купи компанија која бара лек за коронавирус

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, купи 80 отсто од данската биотехнолошка...

За лицата кои не биле заразени со Ковид и не се вакцинирани, следува мерката за 10-дневен карантин, при што можат да бидат ослободени најрано на петтиот ден со тестирање за Ковид 19. Од оваа мерка се ослободени невакцинираните деца до шест години, на кои сепак карантинот им се прекинува по пет дена, информира Министерството за надворешни работи.

Македонија повторно се најде на германската листа на ризични земји

Заради ситуацијата со пандемијата на ковид-19, Германија ја врати Македонија на листата...