Имено старлетата беше на тапет и во српските медиуми, поради непочитувањето на мерката за домашно лекување и самоизолација, а наместо тоа таа се шетала во ноќните клубови и при тоа позирајќи за време на нејзината прва посета на Белград по пандемијата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 јули, 2020 17:49

Уапсена старлетата Александра Накова- не го дочекала вториот негативен тест на Ковид-19 и се шетала

Фото/Текст извор: ©фокус.мк

Македонската старлета, Александра Накова била уапсена вчера во Гевгелија.Триесет и едноодишната старлета, била уапсена поради тоа што наместо во изолација, како пациент позитивен на Ковид-19, се шетала во градот, дознава Фокус.мк.

Уште минатата недела Фокус објави дека таа е заболена од Ковид 19 , и дека е на домашно лекување, но овој пат ќе остане во државен карантин.

Имено старлетата беше на тапет и во српските медиуми, поради непочитувањето на мерката за домашно лекување и самоизолација, а наместо тоа таа се шетала во ноќните клубови и при тоа позирајќи за време на нејзината прва посета на Белград по пандемијата.Според Центар за јавно здравје Гевгелија, таа неодамна заминала во Белград, а по враќањето назад во Македонија, пред влегување во земјава и бил направен Ковид-19 тест, кој покажал позитивен резултат.

-Новинари постојано ми ѕвонат и нема сега ништо да изјавувам, наскоро ќе објаснам се на мојот Инстаграм профил. Наскоро ќе ги покажам двата мои теста со негативни резултати. Ниту сум ширела зараза на базен, ниту сум се шетала за да ширам зараза, рече таа денеска во изјава за ММС.

-Пациентката по доаѓањето во земјава самата се пријави кај надлежните здравствени органи и се наоѓа на домашно лекување- изјави тогаш за Фокус д-р Саше Олунчев од центарот.

Олунчев за Фокус потврдил дека Накова веќе имала еден негативен контролен тест и се чекало на земање на брис за втор негативен тест, по што и официјално ќе била помеѓу излекуваните пациенти.

-Сите пациенти мора да бидат дисциплинирани кога е вирусот во прашање. Накова веќе имаше еден негативен тест, мислам дека денес требаше да се прави вториот. Не знам зошто не почекала, според законските прописи, вака само се комплицираат работите без причина. Значи, мора два негативни теста, па да се биде и официјално неактивен случај – вели докторот.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Роден е во Сплит, а по потекло е од Вела Лука на островот Корчула. Во Сплит посетува музичко училиште. Најпрво учи клавир, а потоа кларинет и гитара. Прва средба со музиката му била на петгодишна возраст кога од татко му Марко добива поклон усна хармоника со која ги забавувал децата од неговата улица и патниците од бродовите на линијата Сплит - Вела Лука.

ДВЕ ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ОЛИВЕР ДРАГОЈЕВИЌ: Златниот глас на Балканот, вљубеникот во морето и музиката!

Денеска навршуваат две години од смртта на Оливер Драгојевиќ (Сплит, 7 декември 1947 – Сплит, 29...