Додека директорот на "Пелистерка" и ЗК "Пелагонија" е во притвор за предметот "Империја" на СЈО, личниот шофер се обидел да изнуди пари од неговата сопруга со уцени и закани

Објавил: Мартин Попоски | 13 декември, 2018 7:03

Уапсен возачот на Панделески, ја уценувал неговата сопруга за 150.000 евра

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Личен возач на бизнисмен во притвор, се обидел да изнуди пари и се заканувал на сопругата на притвореник.

Имено возачот на притворениот сопственик на компанијата „Пелистерка“ Цветан Панделески, кој заедно со Јордан Камчев и Сашо Мијалков се главните осомничени во истрагата на СЈО „Империја“, и барал 150.000 евра на сопругата на Панделески за да и даде документи со кои наводно ќе го ослободел од притвор нејзиниот сопруг.

Информацијата дека изнудата ја вршел личниот возач на Цветан Панделески, ја потврдија извори од Скопското јавно обвинителство.

Тој се заканил дека ако го пријави оти врши изнуда на 150.000 евра од неа, ќе постави бомба од која ќе настрадаат и нејзините внуци.

Возачот на Панделески е уапсен.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Изнуда, предвидено и казниво согласно член 258 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Пријавениот во текот на месец ноември 2018 година упатувал сериозни закани преку телефон на оштетена, тврдејќи дека поседува документи со кои би можел да го извади од притвор нејзиниот сопруг.

За да и ги достави тие документи, осомничениот од неа барал да му исплати сума од 150 илјади евра, а истовремено и се заканувал дека доколку пријави ќе постави бомба и дека ‘ќе биде лошо за неа и за нејзините внуци. – соопшти Скопското јавно обвинителство.

Осомниченото лице е лишено од слобода и ќе биде изведено пред судија на претходна постапка, што значи дека за него ќе се бара притвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од аудио бомбата Тушникот се фали дека добил зелено светло од Рашо кој најверојатно е Радиша Бојовиќ зет на Зоран Заев, а ќе оствари средба со братот на Зоран, Вице Заев за да се запали автомобил на човек од Битола затоа што тој бил од ВМРО-ДПМНЕ.

НОВА АУДИО БОМБА: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче даде црвен картон да не работи ништо

Шокантна нова аудио бомба се појави на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа...

Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху денеска одржаа прес-конференција и ги објасни деталите за распишаниот повик за субвенции на инвертер клима уреди!

РАСПИШАН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ НА ИНВЕРТЕРИ (АПЛИЦИРАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИИ СЕ ВРШИ САМО ОНЛАЈН)

Град Скопје вчера го распиша јавниот повик за субвенции на инвертер клима уреди за...

Станува збор за опомена пред поднесување на тужба за клевета. Според закон, мора првин да се испрати опомена, пред да се поднесе тужба. Мене не ми е јасно според мене е недозволиво, обвинител, па сега и судија да се ставаат во предизвоборна политичка кампања.

Рускоска за ТВ21: Испратив опомена пред тужба до ВМРО-ДПМНЕ

Обвинителката Вилма Рускоска до партијата ВМРО-ДПМНЕ испратила опомена бидејќи таа...

Тој вели дека народот не ја дозна вистината, затоа што сето тоа било едно големо сценарио, една голема лага, само за Заев да ја претстави власта како монструозна и брутална за да ги добие гласовите од граѓаните и потоа да и направи на Македонија сето она што и го направи. Продавање на идентитет, име, економски колапс и што уште не.

Јакимовски: Убиствата на Младенов, Нешковски, Смилковско беа големо сценарио на Заев за добивање гласови, граѓаните беа излажани, а вистината не ја дознаа

Зошто и ден денеска не се расчистуваат убиството на Никола Младенов и на Мартин Нешковски,...