Акција на МВР

Објавил: Калина Мартинска | 10 март, 2025 18:30

Уапсен е бизнисменот и поранешен државен директор Ратко Капушевски

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Ратко Капушевски е уапсен од неговиот дом во селото Орман, односно комплексот „Верина“.

Тој се сомничи во истрага на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Капушевски е ексдиректор на спортскиот центар „Борис Трајковски“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2014 година ја напушти државната служба и започна работа како проект-менаџер во канцеларијата на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко. Потоа, се посвети на енергетскиот сектор и неговата компанија, РКМ, која добавуваше мазут за ТЕЦ „Неготино“.
„Раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, БЈБ и МВР  извршуваат претреси на повеќе локации низ државава. Претресите се со Наредба на судија на претходна постапка  од Основниот кривичен суд Скопје, а во врска со сторени кривични дела поврзани со набавка на деривати. Подетални информации ќе бидат споделени во текот на утрешниот ден“, велат од Обвинителството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.