
Македонија
Вести
Од МВР потврдија дека е уапсен Блерим Рамaдани, поранешен припадник на ОВК, откако вчера попладне се обидел да влезе во државата на граничниот премин Јажинце. „При пасошка контрола и извршени проверки било констатирано дека за него имало распишана мерка „апси“ по барање на Интерпол, Србија“, одговорија од МВР.
Рамадани е предаден на тетовската полиција, а екстрадицијата оди преку Министерството за правда кое досега не било известено за апсењето. Предметот е во рацете на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Косовскиот премиер Албин Курти оцени дека станува збор за агресивна политика која Белград ја креира со потерници за апсење на жители на Косово.
Курти рече дека владата во Приштина е во комуникација со македонската влада во обид Скопје да не се потчинува на агресивноста на Србија кон Косово. Рамадани е уапсен по српска потерница распишана поради сомнежи за извршени злосторства во војната на Косово.
Рамадани бил припадник на ОВК во областа Неродиме на југот на Косово односно во пограничната област кон Македонија. Ветерански организации упатија повик тој да биде ослободен. И претходно имаше сличен сличај кога жител на Косово беше уапсен по српска потерница, но на крај беше ослободен.
Соопштение на МВР:
На 17.07.2024 во 16.00 часот на Граничниот премин Јажинце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Р.(47) од Косово затоа што при пасошка контрола и извршени проверки било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Србија. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Тетово за понатамошна постапка.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.