И групата околу него

Објавил: Калина Мартинска | 18 јануари, 2025 17:02

Уапсен е Раде Штекли

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

При обид за бегство, попладнево е уапсен Раде Трајковски – Штекли. Според неофицијални информации, тој бил уапсен во близина на хотел во Гевгелија.

Штекли се сомничи за трговија на дрога. Предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства. МВР и Бирото за јавна безбедност се во потрага и апсење на целата негова група.

Оваа акција на МВР следува по сузбивањето на арачиновската група Беланоца.

Штекли е познат по пресметките со нарко картелите. Тој се поврзува со низа кривични дела, во август и во октомври 2023 година избегна два обиди за убиство на иста локација – во Ист Гејт Мол во Скопје.

Министерството за внатрешни работи потврди дека Штекли е уапсен.

-Во полициска акција лицето за кое прашувате по Наредба на ОЈО за ГОКК е лишено од слобода, велат од МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести