„Лаки Арамбаша" е уапсен за упадот во Собранието

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 јули, 2019 10:11

Уапсен Лаки Арамбаша – учесник во настаните на 27 април

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото курир.мк

Светозар Петровиќ, осуден на 18 месеци затвор за „лажно идентификување“, беше уапсен вчера околу  21:30 часот.

Полицијата го уапси Светозар Петровиќ, за „лажно идентификување“. Тој и е познат на полицијата по тоа што беше еден од членовите на протестите „За заедничка Македонија“ и еден од оние кои насилно упаднаа во Собранието на 27 април, пренесе Курир.

Полицијата го уапси Лаки Арамбаша за настаните во Собранието на 27 април фото прес24

Инаку Светозар е познат како „Лаки Арамбаша” под чие име долго време беше во бегство.

Полицијата вчера го лоцирала во куќа во скопската населба Кисела Вода, врз основа на оперативни информации. Лаки Арамбаша бил забележан во близина на општинската установа и поради извршната одлука веднаш бил испратен во затворот Идризово.

„Лаки Арамбаша” беше еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија”, а обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе обвинение за организирање на насилството во Собранието. Тој е познат како близок роднина на Тодор Петров, претседателот на македонскиот Светски конгрес.

Пријавен е и за говор на омраза на социјалните мрежи.

За потсетување упад во Собранието на Македонија познат и како „Крвавиот четврток“ е насилен инцидент кој се случи на 27 април 2017 година кога околу 300 лица од здружението „За заедничка Македонија“ упаднаа во Собранието на Република Македонија со цел да го спречат изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на Македонија. И покрај упадот и насилството, Џафери беше избран за претседател на Собранието, а неговиот избор беше признат од САД, Европската Унија, како и од меѓународната заедница освен Русија. Два дена по настанот, полицијата приведе неколкумина учесници во нападот на Собранието. Помеѓу напаѓачите имаше и  вработени во полицијата и армијата, како и поранешни затвореници осудени за тешки кривични дела.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Денес почнува судскиот процес за наводно организаторите на насилствата од 27 април во Собранието во Кривичниот суд во Скопје. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Позадината на нередите на 27 Април, кој беше креаторот и зошто?

Денес почнува судскиот процес за наводно организаторите на насилствата од 27 април...

Сите се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Денеска почнува судењето за „27 април“- организаторите на „Крвавиот четврток“ пред Кривичниот суд

Денеска по три години започнува судењето за организаторите на насилствата од 27 април...

Она што беше забележливо е што додека траела полициската акција на социјалните мрежи веќе се појавија информации дека е во тек полициска рација во Сарај и дека целта е наоѓање на кокаин. Веднаш потоа се појавија информации во провладини медиуми за фатен 1.3 тон кокаин, за да подоцна набилданите очекувања спласнат со помало количество. Многу реално за очекување е дека акцијата била пробиена и некој намерно создавал погрешна перцепција во јавноста, пишува Нетпрес.

Нетпрес: Славјанка Петровска ги довела во прашање животите на полицајците во акцијата во Крушопек?

Обвинувањата на советникот на Зоран Заев, Бојан Маричиќ, дека министерот за внатрешни...