
Спорт
Свет
Според англиските медиуми, Ирецот направил инцидент во ноќен клуб соблекувајќи се и малтретирајќи гости.
Конор Мек Грегор, ММА звезда и поранешен шампион на УФЦ, беше уапсен денес во Корзика.
Според изјавата на обвинителството, која е доставена до агенцијата АФП, Мек Грегор е уапсен врз основа на извештај од 10 септември за сексуално вознемирување.
Според англиските медиуми, Ирецот направил инцидент во ноќен клуб соблекувајќи се и вознемирувајќи ги гостите. Мек Грегор веќе двапати бил во затвор, во 2016 и 2019 година.
Тој беше уапсен минатата година затоа што му го одзел мобилниот телефон и го удрил човекот кој го фотографирал.
Мегрегор неодамна објави дека конечно може да се пензионира во јуни, а тоа ќе му биде „трета пензија“ во последните четири години.
На почетокот на годината забележа победа во нокаут за 40 секунди над Доналд Цероне и го привлече вниманието за титулата во лесна категорија.
Борбата повеќе не ме возбудува. Сето ова чекање, во кое ништо не се случува. Гледам во различни опции, но ништо не се случува. Нема што да ме возбуди, а УФЦ мораше да ги придвижи работите, напиша тој.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.