Еден од најстрашните сериски силувачи на Велика Британија, е осуден на затворска казна од најмалку триесет години. Многу од неговите жртви сè уште не се идентификувани.
Судот во Манчестер во понеделникот осуди 36-годишно лице за сексуална злоупотреба на 48 мажи.
Тој е осуден на затворска казна од најмалку триесет години.
Лицето ја снимало секоја жртва кога ја силувал. Полицијата претпоставува дека извршил силувања над повеќе од 190 мажи.
Сепак, многу од нив досега не се идентификувани.
Период на повеќе од десет години.
Снимките од јавните видеа покажаа дека сторителот честопати бил во ноќните клубови во Манчестер до раните утрински часови за да ги напаѓа своите жртви: тие обично биле млади, пијани и сами.
Според полицијата, тој ги вршел злосторствата повеќе од десет години, а сторителот им ветувал на своите жртви дека ќе добијат пијалак или престој за спиење во неговиот стан. Тој им подметнувал дрога и ги силувал.
Во Јужноафриканската Република се случуваат околу 110 силувања секој ден.
Таквата ситуација претседателот на таа држава Сирил Рамафоза неодамна ја нарече национална криза. Во покраината Источен Кејп, која е најсиромашна во земјата со 45 отсто невработени, има највисока стапка на силувања по глава на жител.
Во селото Лејди Фрере, кое брои помалку од 5.000 луѓе, во текот на една година имало 74 силувања. Поради бројноста на силувањата, медиумите за нив речиси и да не известуваат.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.