Естрада и неговиот соработник Хуан Пабло Гонсалес Мајорга (50) треба да се појават денеска пред судијата

Објавил: admin@magazin | 18 април, 2019 10:18

Уапсен претседателски кандидат поради дрога и атентати

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кандидатот за претседател на Гватемала Марио Амилкар Естрада Орелана (58) беше уапсен во Мајами, под сомнеж дека планирал да ги убие политичките ривали и да им дозволи на трговците со дрога да ги користат пристаништата и аеродромите во Гватемала.

Естрада и неговиот соработник Хуан Пабло Гонсалес Мајорга (50) треба да се појават денеска пред судијата.

Судијата Џефри Берман соопшти дека Естрада и Гонзалес планирале да побараат пари од нарко-картелот Синало за финансирање на кампањата на Естрада. За возврат, двајцата се обврзале да му помогнат на картелот во користење на пристаништата и аеродромите во Гватемала за извоз на кокаин во САД.

Според него, тие исто така планирале да организираат убиства на политичките ривали.

Тие беа откриени благодарение на заедничката истрага на американската агенција за борба против дрога (ДЕА) и гватемалската полиција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Свет

Волкановски е роден во Нов Јужен Велс, додека неговиот татко е од македонското село Беранци.

МАКЕДОНИЈА НА СВЕТСКИ ТРОН: Александар Македонски Волкановски стана светски УФЦ шампион(ВИДЕО)

Македонецот Александар Волкановски е новиот светски шампион во полесна категорија,...