Резултатите од тестот треба да бидат на еден од следните јазици: англиски, француски, германски, италијански или шпански. Барањето за тест не се однесува на деца до 6 години!

Објавил: Сара Фемина | 12 јуни, 2021 16:53

УБАВА ВЕСТ ОД СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: Од 13-ти јуни слободно патување во Германија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Согласно најновата одлука на властите на Германија, Република Македонија повеќе не е на листата на земји со ризик од Ковид-19, што значи дека македонските државјани почнувајќи од 13-ти јуни 2021, 00:00 часот (од полноќ вечерва), можат да патуваат во Германија од туристички причини, со прикажување на негативен Ковид-19 тест или доказ за вакцинација.

Линк до информацијата објавена од германските институции: https://www.rki.de/DE/Content/InfAZ/N/Neuartiges_Coronavirus/Transport/Archiv_Risikogebiete/Risikogebiete_aktuell_en.pdf?__blob=publicationFile

Во врска со видовите на Ковид-19 тестови кои ги признава Германија, би сакале да ве потсетиме дека како услов за качување во авион државата бара или негативен PCR-тест не постар од 72 часа пред пристигнување, или негативен рапид-антигенски тест не постар од 48 часа пред пристигнување.

Резултатите од тестот треба да бидат на еден од следните јазици: англиски, француски, германски, италијански или шпански. Барањето за тест не се однесува на деца до 6 години.

Или, доколку патникот е вакциниран со една од вакцините кои ги признава Германија (Astra Zeneca, Janssen, Moderna, Pfizer BionNTech), најмалку 14 дена по примање на втората доза, нема потреба да прави еден од наведените Ковид-19 тестови.

Исто така, со тргањето на Р.С.Македонија од листата на ризични земји од страна на Германија, повеќе не е потребно патниците да имаат пополнето електронски Образец за лоцирање патници (Passenger Locator Form) пред качување во авион, како што беше досега.

Како потсетување, патувањето со авион во Германија за македонските државјани, од почетокот на пандемијата со Ковид-19 досега беше возможно само поради есенцијални причини за патување, дефинирани од германските власти, при што патниците задолжително прикажуваа соодветни документи/докази за нивното есенцијално патување.

Ви посакуваме пријатни патувања, се вели во соопштението!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Првата фаза е делницата на патниот правец од Царина Отешево до превојот на Галичица во должина од 14,9 километри.

Заев: По 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид

Премиерот Зоран Заев во рамки на својата работна посета на Охридско-преспанскиот...

Првата фаза од Градско до Дреново е со должина од 15,5 км и вредност од 24,7 милиони евра. До сега се изградени 35% и градежните работи ги презема компанијата Штрабаг.

Бочварски: Експресниот пат од Градско кон Прилеп се гради!

„Експресниот пат од Градско кон Прилеп се гради. Оваа Влада покажа решителност...

Пренасочувањето ќе трае се до завршување на активностите на терен кои се вршат по налог на „БЕГ“, од каде очекуваат градежните зафати да завршат до понеделник (26.07.2021 година).

АВТОБУСИТЕ ВО НАСОКА НА ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР ЌЕ СООБРАЌААТ ПО ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ

АВТОБУСИТЕ ВО НАСОКА НА ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР ЌЕ СООБРАЌААТ ПО ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ Почитувани...

Во наредните неколку месеци за сообраќај ќе биде забранета обиколницата од штипската приградска населба „Три Чешми“ до клучката кај петтиот километар, односно до мостот на реката Брегалница.

ОД ДЕНЕС СИТЕ ШТО ОД РАДОВИШ И СТРУМИЦА ПАТУВААТ КОН СКОПЈЕ, ЌЕ МОРА ДА ВОЗАТ НИЗ ШТИП

Од денес сите што од Радовиш и Струмица патуваат кон Скопје, ќе мора да возат низ Штип. Во...