Непознати лица пукале и фрлале молотови коктели врз полицајци за време на рутинската контрола во Лондондери

Објавил: admin@magazin | 19 април, 2019 10:05

Убиена жена во Северна Ирска, полицијата се сомнева за тероризам

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Жена на возрст 29 години, синоќа беше убиена во Лондондери во Северна Ирска, соопшти полицијата, која се сомнева на тероризам.

Локалните медиуми денеска објавија дека непознати лица пукале и фрлале молотови коктели врз полицајци за време на рутинската контрола во Лондондери.

Потврдуваме дека по престрелката 29-годишна жена е убиена, изјави локалниот полициски претставник Марк Хамилтон, додавајќи дека е отворена истрага за убиството, а постои сомневање дека се работи за терористички чин.

Експлозија на автомобил-бомба во јануари оваа година во тој град предизвика стравување од нови инциденти во Северна Ирска, поради тензиите околу повлекувањето на Велика Британија од членство во Европската унија.

Еден од камењата на сопнување на договорот за Брегзит е токму границата помеѓу Ирска и Северна Ирска, која е дел од Обединетото Кралство.

Лондондери е познат по интервенцијата на британската армија наречена „Крвава недела“ . Во тој град, британските војници на 30 март 1972 година убиле 14 невооружени цивили, учесници на забранетиот марш за човечкови права на католиците. Причината за протестот беше апсењето на 342 лица, обвинети дека се членови на Ирската републиканска армија (ИРА).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Близначките  биле лица со инвалидитет, а мајката која се грижела за нив имала психички проблеми.

Србинката Весна со години трпела насилство од сопругот- Животот и бил тежок и мачен, а на крајот трагичен

Детали за големата трагедија во Виена. 45-годишната Весна М. од Србија и нејзините ќерки...

На снимката која се споделува на социјалните мрежи се слуша глас на маж како му вели на Фараж „фашист“.32-годишниот Пол Кровтер, призна дека го погодил политичарот со милкшејк од банана и карамела. 

ИНЦИДЕНТ: Нападнат познат политичар среде улица

Најџел Фараж политичар од Британија кој на јавноста и е познат по евроскептичните...