Безживотните тела на А.П. родена 1979 година и нејзината мајка Т.К. родена 1956 година имале прострелни рани.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 јануари, 2020 12:06

Убиените жени во Прилеп биле мајка и ќерка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Семејна трагедија утринава ги растревожи прилепчани. Имено во семејна куќа беа пронајдени двебезживотни тела а како што објавија од Јавното обвинителство станува збор за мајка и ќерка, а во нив пукал поранешниот сопруг и зет напочинатите.

Во семејна куќа пронајдени се две мртви тела. Се работи за две жени од кои едната неофицијално е сопруга на убиецот.
Од Јавното обвинителство утрово заедно со екипи на крим-техника од МВР, извршиле увид во куќата на ул. Александар Македонски во Прилеп каде утринава во 8 часот биле пронајдени две безживотни тела.

Јавен обвинител во координација со  екипи на крим-техника од Минситерството за внатрешни работи, изврши увид во куќа на ул.  Александар Македонски во Прилеп каде утринава во  8 часот беа пронајдени две безживотни тела. Безживотните тела на А.П. родена 1979 година и нејзината мајка Т.К. родена 1956 година имале прострелни рани. Во нив пукал сега осомничениот, 50-годишниот поранешен сопруг и зет на починатите.

Со две прострелни рани се здобило и уште едно лице, брат и син на оштетените, кое било во просторијата. Во обидот да биде совладан, повреден е и осомничениот.

Повредениот оштетен и осомничениот се пренесени во прилепската болница каде им се укажува медицинска помош.

Во насока на расчистување на кривично правниот настан , по наредба на јавниот обвинител подигнати се и обезбедени траги од лице место. Издадена е  наредба за обдукција над починатите. Обезбедените траги од лице место  ќе бидат предмет на вештачење. Јавниот обвинител издаде и Наредба за претрес во домот на осомничениот прилепчанец кој, според сознанијата на обвинителството, поради претходно нарушени брачни односи не живеел во заедница со неговата сега почината сопруга.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Полицијата отвори истрага за оваа несреќа, а покрај убиениот Нуиши, жртва при грабежот е и 22-годишниот В.Х. од Косово

ПОЧИВАЈ ВО МИР: Ова е убиениот македонски борач Буњамин Нуиши, кој го загуби животот во казино

Македонскиот борач Буњамин Нуиши беше убиен при грабежот на казиното во Блаце. Од неговиот...

Според првичните, инаку неофицијални информации, несреќниот момент се случил во скопската населба Кисела Вода, поточно кај сервисот „Скендеровски“. Со непрописна брзина на движење, и дождливиот коловоз, легендарниот Буштур изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во бетонските блокови поставени покрај булеварот.

ЗАГИНА КОШАРКАРСКАТА ЛЕГЕНДА БЛАГОЈА-БУШТУР – страшна сообраќајка вечерва во Кисела Вода

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила вечерва загина македонската кошаркарска...

Според извештајот на Одделението за превенција на СВР Скопје, поради непрописно паркирање, со „пајак“ биле подигнати 56 возила

Згасна уште еден живот во Скопје – хаос во главниот град!

Уште една трагедија го потресе Скопје. МВР инфорира за вчерашната состојба на скопските...