Денеска кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје по убиството на Никола Христовски, посвети статус со кој се простува од својот кошаркар. Нивниот статус ви го пренесуваме во целост.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 август, 2019 23:08

Убиеното момче во Ново Лисиче било кошаркар на МЗТ- другарите од тимот се простуваат од него

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

17 годишното момче кое синоќа почина по убодните рани од нож, во паркот на Музиката во Ново Лисиче, бил кошаркар од редовите на МЗТ Аеродром.

Денеска кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје по убиството на Никола Христовски, посвети статус со кој се простува од својот кошаркар. Нивниот статус ви го пренесуваме во целост.

Кошаркарите од МЗТ Аеродром се простија од својот колега…

Со голема тага и неверување утринава ја примивме веста за трагичната см рт на нашиот доскорешен член, Никола Христовски (17 години), кој синоќа беше прободен со нож во населбата Ново Лисиче. Сѐ уште не можеме да веруваме дека тој повеќе нема да биде со нас, а вечно ќе се сеќаваме на моментите од изминативе неколку години кога можевме да го видиме неговиот секогаш ведар лик на тренинзите на нашата младинска школа.Тренерите кои работеа со него секогаш ќе го потенцираат неговиот ентузијазам и љубов кон кошарката и кон МЗТ Скопје Аеродром.На неговото најблиско семејство, роднини, пријатели и на сите кои барем малку го познаваа Никола им изразуваме длабоко сочуство за големата загуба, со надеж дека ваква трагедија никогаш и никому повеќе нема да се случи, пишува во нивниот статус.

За потсетување, седумнаесетгодишно момче почина синоќа откако им подлегна на повредите нанесени од убод од нож. Настанот бил пријавен вчера околу 00:35 часот.

Најпрво на улицата „Февруарски поход“ започнала расправија од страна на неколку лица со А.Т. (18) кој бил во друштво со К.Д. (17), која продолжила и со физичка пресметка. Во еден момент А.Т. извадил нож и му нанел повреди на Н.Х. (17). Н.Х. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде починал, а А.Т. е пронајден и приведен во полициска станица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Увид извршила екипа од полициска станица Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител пронајдените делови од телото се предадено на вештачење.

СТРАШНО: Пронајдени делови од човечко тело кај Богданци

Вчера напладне во атарот на Богданци бил пронајден човечки череп, коска и делови од...

Мртво новороденче било донесено вчера од страна на родителите во Клиничката болница во Битола, соопштија од Битолската полиција. Вчера околу 13,35 часот од Болницата во СВР Битола било пријавено дека кај нив е донесено починато новороденче без траги на насилство, пишува Апла.мк.

Трагедија: Родители донеле мртво новороденче во болницата во Битола

Трагедија во Битола, донесено мртво бебе во болницата. Мртво новороденче било донесено...

На 18 август, во село Мојанце, Арачиново, со употреба на огнено оружје со калибар од 7,62Х25мм, осомничениот го лишил од живот Зилбехар Ајвази. На критичниот ден, осомничениот седел на совозачкото седиште во автомобил Фолксваген голф 3, управуван од засега непознато лице.

Детали за убиството во Арачиново

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка...