
Свет
Балкан
Во Белград синоќа е убиен познатиот адвокат Драгослав [ Миша ] Огњановиќ. Во нападот кој е извршен пред влезот на зградата во која живее – бил повреден и неговиот 26-годишен син.
Полицијата го блокираше местото на инцидентот и изврши увид. Во тек е интезивна потрага по убиецот на адвокатот.
Огњановиќ [ 57 ] му беше адвокат на Лука Бојовиќ – водачот на “Земунскиот клан” како и на членовите на неговото семејство. Исто така беше и еден од бранителите на Слободан Милошевиќ пред Хашкиот трибунал – но и на неговата сопруга Мира Марковиќ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.