Гавриќ се наоѓа зад решетки од декември 2011 година, после убиството на нарко шефот Сирила Бека, каде беше откриено дека бил негов телохранител.

Објавил: Перо Милчин | 22 септември, 2019 18:31

УБИЕЦОТ НА АРКАН УЖИВА ВО ЗАТВОРСКИТЕ ЌЕЛИИ: Користи бар, библиотека, фитнес и се релаксира на медитеранска клима!

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

Добросав Гавриќ, кој во Србија е првостепено осуден на 35 години затворска казна поради убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан, во Јужна Африка ужива во затворските ќелии кој се наоѓа поради тргување на дрога.

Гавриќ се наоѓа зад решетки од декември 2011 година, после убиството на нарко шефот Сирила Бека, каде беше откриено дека бил негов телохранител.

Гавриќ моментално се наоѓа во затворот Хелдерсорм во близина на Кејп Таун, кој се смета за еден од најмодерните затвори во Јужна Африка. Сепак за разлика од останатите затвореници Гавриќ има посебен затворски статус и се наоѓа меѓу затворениците со поголема привилегија. 

Србинот освен својата удобна ќелија, може да користи бар, теретана и библиотека. Освен тоа затворот се наоѓа на елитно високо место кој може да ужива и во медитеранската клима. Според удобностите може да се заклучи дека повеќе изгледа како да живее во хотел него во затвор, пренесуваат српските медиуми.

Во 1972 година со само дваесет години, илегално имигрирал на запад, надевајќи дека ќе се пронајде таму себе си. Во странство се сретнал а и се запознал со многу поранешни југословенски злосторници, кои подоцна ќе бидат убиени или уапсени. Аркан исто така се смета дека е и атентатор во повеќе држави во Европа, како Белгија, Холандија, Шведска, Германија. Бил затворен во Белгија во 1974 година, од каде во 1977 година побегнал. Повторно бил уапсен во Холандија во 1979 и повторно побегнал 1981 година, каде бил ранет во судирот со полицијата. По сите тие криминални дела бил прогласен за десетиот најбаран криминалец во светот во потрага и од Интерпол.

Добросав Гавриќ пред убиството на Аркан работел како полицаец, а од Србија побегнал во 2006 година во Јужна Африка. Таму се вклучил на мафијата и под лажно име Сашо Ковачевиќ успешно се криеше се до 2011 година.

Најпрвин тој добил туристичка виза, а потоа и работна на името на сопругата. Отворил ресторан во Јоханесбург, а потоа фирма за увоз и извоз. Набрзо почнал да соработува со мафијашките кланови. 

Жељко Ражнатовиќ бил убиен на 15 јануари 2000 година во белградскиот хотел „Интерконтинентал“,каде што се наоѓало и неговото седиште.

По повод убиството на Аркан се прават различни мислења, од кои две имаат најголема предност. Според првата, Аркан е убиен поради расчистување со мафијата а според другата тоа има политички интерес. Аркан од војната во Босна и Херцеговина излегол со многу богатство на крај. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Индијанците го населувале овој регион уште пред 11.000 години. Организирано истражување на областа немало сѐ до 1860-тите.

СТРАШНО: Се буди гејзерот Old Faitfull, кој може да убие повеќе од пет милијарди луѓе(ВИДЕО)!

Гејзерот Олд Фејтфул исфрла термална вода приближно на секои 91 минути. Тој се наоѓа...

Изјавата следеше по негативната одлука на Европскиот совет за отпочнување преговори на двете земји со Европска Унија.

АЛЕКСАНДАР СОРОС: Европа треба да се соочи со својата албанофобија!

Александар Сорос син на познатиот филантроп, основач на Фондацијата отворено општество...

„Соединетите Американски Држави ја поддржуваат посветеноста на Македонија и Албанија за интеграцијата во Европската унија.

САД: Многу сме разочарани од одлуката на ЕУ за Република Македонија!

САД изразија голема разочараност затоа што Европскиот совет не додели датум за преговори...

Американските астронаутки Кристина Кох и Џесика Меир влегуваат во историјата, а се очекува дека мисијата ќе трае пет и пол часа.

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА НАСА: Кристина Кох и Џесика Мејр се првите астронаутки кои прошетаа во Вселената!

Кристина Кох и Џесика Мер ова утро беа дел од историската прва прошетка во вселената...