Уапсениот Марко на младата Сашка преку лажен профил на име Игор Ѓуриќ на „Фејсбук“ ѝ напишал:

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 октомври, 2019 11:18

Убиецот на Тијана со нова закана: Ќе те убијам, како што ја задавив сестра ти ку*ветина

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Марко М. од Белград, беше уапсен во Србија под сомнение дека преку „Фејсбук“ ѝ упатил смртни закани на 16-годишната Сашка Јуриќ.

Драган Ѓуриќ, убиецот на 15-годишната Тијана Јуриќ фото мкд.мк

Имено триесетгодишниот Марко овој пат се заканил на сестрата на брутално убиената Тијана. Овој случај за брутално убиената Тијана го потресе регионот пред 5 години кога на 26 јули во еден часот наутро Тијана беше задавена. Тијана најпрво беше силувана па потоа убиена од месарот Драган Ѓуриќ, по што нејзиниот татко ја основа фондацијата „Тијана Јуриќ“ и почна активно да се залага за построги казни за убијците на деца.

Телото на младата Тијана се наоѓало на импровизирано ѓубриште кое се наоѓа на 23 километри од местото на кое била киднапирана. Тијана кобната вечер била во Бајмок во посета на пријатели. Убиецот вечерта испил неколку пијалаци, ја грабнал девојката, ја одвезол десетина километри подалеку, ја убил (најверојатно ја задавил) и го закопал телото на пустата локација.

Уапсениот Марко на младата Сашка преку лажен профил на име Игор Ѓуриќ на „Фејсбук“ ѝ напишал:

Ќе те убијам Сашка, исто како што ти ја задавив сестрата ку*ветина. 

Тој му испратил порака и на таткото:

Мило ми е што ти ја убив ќерката, таа проклета ку*va, цел живот ќе патиш за неа додека сум во затвор.

Јуриќ за српските медиуми изјавил дека не го познава уапсениот и дека не знае зошто ги упатил заканите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.