Во продолжение погледнете што се случувало за само 24 часа во земјава.

Објавил: Валерија Петрова | 3 август, 2019 19:24

Убиства, напади, ранети… – МВР со полни раце работа, ноќите во Скопје стануваат како од филмовите

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Еден ден во Македонија не поминува мирно и без инциденти, полицијата секојдневно е со полни раце работа. Секој ден со минимум по неколку сообраќајки, санкционирани над 50 возачи од сообраќајот и што уште не. Вчерашнот ден според билтенот на МВР, вчера се случиле, неколу напади врз полцииски службеници, нападнато момче, пожар во неколку објекти, застрелани, залутени куршуми, заканување, убиство…

Во продолжение погледнете што се случувало за само 24 часа во земјава.

– На 02.08.2019 во 22,00 часот часот кај наплатната рампа Гостивар од страна на полициски службеници од Полициската станица Гостивар лишени се од слобода биле И.М.(29), И.А.(33), Г.М.(32) и Л.Н.(32) сите од Скопје поради тоа што при извршен преглед кај нив била пронадена марихуана.

-На 02.08.2019 во 19,00 часот било пријавено дека В.М.(35) од Берово управувајќи патничко моторно возило „Нисан Патрол“ со беровски регистарски ознаки по земјен пат што води од место викано „Туртела“ кон место викано „Лаките“ атар на Берово, изгубил контрола и се превртел. Во незгодата возачот се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош Берово бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Берово.

-На 02.08.2019 во 17,00 часот во СВР Скопје П.А.(29) од с.Слупчане Липково, пријавил дека истиот ден околу 16,45 часот во Комплексот клинки “Мајка Тереза“ во Клиниката за гинекологија и акушерство В.Т.(21) од Скопје физички го нападнала. Се работи на расчитување на случајот.

-На 03.08.2019 во 08,10 часот во Полициската станица Карпош А.И.(46) од Скопје пријавила дека на ул. “Ристо Равановски“ во нивниот дом со давење ја убила нејзината мајка В.И.(74). Од страна на полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и во домот било затекнато починатото лице, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција, а А.И. е задржана во полициска станица.

-На 02.08.2019 во 18,30 часот е пронајден Б.В.(58), за кој на 01.08.2019 во 04 часот во Полициската станица Драчево З.Н.(41) од Скопје пријавил дека се оддалечил од домот.

-На 03.08.2019 околу 01,30 часот од страна на полициски службеници на ПС Гостивар приведен е Б.Х. (53) затоа што половина час по полноќ, на свадбена свеченост организирана во дворот на неговата куќа во гостиварското село Чајле, пукал со пиштол и им нанел повреди на Х.И.(44) и М.М.(35) од Чајле. Двете жени се пренесени во гостиварската општа болница за укажување на лекарска помош, Извршен е увид под раководство на јавен обвинител. Б.Х. е задржан во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.

-На 02.08.2019 околу 16,20 часот било пријавено дека во Штип на улицата „Борис Данев“ настанал пожар во куќата на Г.Ч. (40), при што била зафатена кровната конструкција и предниот фасаден дел од куќата, а потоа била зафатена и кровната конструкција на соседната куќа сопственост на Т.С.(44). Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип
На 02.08.2019 година во 18,50 часот при дадена полициска асистенција на службата за итна медицинска помош за спровод на лицето, М.И. (37) од Скопје, во Психијатриска болница-Бардовци, тој физички ги нападнал полициските службеници и болничкото обезбедување. Лицето е спроведено во болницата.

-На 03.08.2019 година во 10,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Македонско Косовска бригада“ во тапетарски дуќан сопственост на А.Д.(51) настанал пожар, кој зафатил и две возила кои биле паркирани пред дуќанот. Повредени лица нема. Пожарот бил локализиран од Бригадата за противпожарна заштита. Увид ќе се врши.

-На 02.08.2019 во 23,15 часот во СВР Скопје, М.С.(50) од Скопје пријавил дека во дворот од неговата куќа паднало залутано зрно. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.

-На 02.08.2019 во 08.00 часот од страна на Н.С. (43) од село Синѓелиќ, скопско, било пријавено дека во селото на ул “Алија Авдовиќ“ Џ.А. (55) вршел градежни работи спротивно на законот со работни машини багер. Полициски службеници постапиле по пријавата, а додека траел службениот разговор, пријавителот Н.С. се качил на вториот кат од куќа и вперил пушка кон Џ.А., но не испукал туку се дал во бегство. Извршен е преглед на теренот и пронајдена е пушката и се работи на расчистување на случајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Маж во безсознание лежел покрај автопатот Скопје- Куманово, па откако го забележале лицето било пренесено на Клиника каде е утврден неговиот идентитет.

Избодено дете во ЈСП – лекарите се борат за неговиот живот, и маж во бесознание итно пренесен во болница

Крвав инцидент во градскиот превоз во Скопје. Според информаците на МВР, три лица се...

Превземени се мерки и активности при што е констатирано дека 50 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

И покрај контролите на МВР – скопските улици се уште се како фронт во кој страдаат возачите

Македонската полиција со полни раце работа, секој ден билтенот на МВР е полн со инциденти...

За време на мечот настанал инцидент, причината е недосуден офсајд за домашниот тим, по што фанови влетале во терен.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДЕБАРЦА СО ДЕТАЛИ: Апелирам да не се политизира настанот, или да се поврзува со политички процеси

По немилиот настан кој се случи во Охрид со приведени навивачи и играчи од фудбалски...

Пред полициската станица во Охрид во моментов се наоѓаат триесетина соселани, роднини и пријатели на тројцата уапсени вечерва.

ПОЛИТИЧКИ РЕВАНШИЗАМ: Приведени фудбалери и навивачи – блокиран влезот кон СВР Охрид!

Еден фудбалер на ФК Волино е меѓу приведените кои во моментов се наоѓаат во охридската...