Тој беше единствениот кој освои три Грен слем трофеи во четири сезони

Објавил: Македонка Димкин | 12 септември, 2023 10:06

Угледниот шпански весник тврди: Ова се 14 причини зошто Новак е најдобар на сите времиња

Фото/Текст извор: ©Marka

Новинарот Хоан Солсон наведе 14 ставки кои го прават Новак достоен да се нарекува „GOAT“.

Новак Ѓоковиќ одамна стави крај на дебатата за тоа кој е „GOAT“ во тенисот на статистички план. Некој ќе продолжи да ја истакнува елеганцијата на Роџер Федерер, друг брендот Рафаел Надал на земјена подлога и Ролан Гарос. Бројките зборуваат сами за себе и го прават Ноле (36) најдобриот играч кој некогаш држел рекет – се наведува во воведот на текстот.

Зошто Новак Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња според „Марка“

1. Најмногу грен слем титули – 24
2. Најстариот шампион на УС Опен – 36 години и три месеци
3. Тој е единствениот со најмалку четири титули на три различни Грен слем турнири
5. Најмногу недели на број еден – 389 (досега)
6. Рекорден по број на поени во една сезона – 16.785 поени во 2015 година
7. Најмногу освоени Мастерс турнири – 39
8. Тој беше единствениот кој ги освои сите девет Мастерси, а сите ги освои најмалку двапати
9. Најмногу грен слем титули по 30. роденден – 12 вакви трофеи
10.Тој го дели рекордот со Федерер по бројот на мастерс финалиња – шест титули
11.Подобар учинок од најголемите ривали во меѓусебните мечеви – Против Надал 30:29, против Федерер 27:23
12.Најдобар сооднос на одиграни натпревари и победи – 82,9 отсто, победи на 1.287 натпревари и 1.076 триумфи
13.Најмногу титули од активните тенисери – 96, Надал има 92, Федерер 103, Џими Конорс 109
14.Најмногу грен слем финалиња вклучувајќи ја и женската категорија – 36 финални натпревари

Тој беше единствениот кој освои три Грен слем трофеи во четири сезони

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.