Според истиот извор, скапата Луј Витон ташна на Јанева се уште е во Обвинителството.

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 октомври, 2019 16:05

УДАРНА ВЕСТ: Ташна „ЛУЈ ВИТОН“ запленета во домот на Катица Јанева!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Женска ташна „Луј Витон“ била на листата запленети предмети од домот на Катица Јанева на 21 август, објави ТВ24.

Според информациите на ТВ24, не станува збор за „фамозната“ ташна во која во домот на Орце Камчев се пребројуваат и завршуваат милион евра.

Но, ако се изведува како доказ во судска постапка ќе послужи како пример за луксузот со кој била опкружена поранешната шефица на СЈО, вели доброупатен извор од истрагата.

Според истиот извор, скапата Луј Витон ташна на Јанева, се уште е во Обвинителството.
Од друга страна Јанева утре по три основи ќе проба да го „собори“ обвинението со кое Вилма Русковска ја гони за аферата „Рекет“. Поранешната специјална обвинителка ќе го оспорува кривичното дело.

Нема опис кој во обвинението точно кажува што и како ја злоупотребила положбата како шефица на СЈО, смета адвокатот Дељо Кадиев.

„Не е даден опис што она евентуално злоупотребила. Не може да има злоупотреба на обвинител кој ги цени сите препораки за мерката притвор и носи такви одлуки. Таа имала овластување по закон да даде полесна мерка, куќен притвор, па и враќање на пасошот, што е и прифатена од судиите понатаму и нема ништо спорно“ – вели Дељо Кадиев за ТВ24.

Обвинителството пак е сигурно во несоборливи докази за овој случај. За Јанева се тврди дека го прифатила влијанието од Јовановски и дала предлог притворот против Орце Камчев, осомничен во предметот „Империја“ да се укине и да му се определи поблага мерка куќен притвор, без да има променети околности. Исто било и со враќањето на пасошот.

Целиот текст прочитајте го ТУКА: https://www.24.mk/details/tashna-luj-viton-zapleneta-vo-domot-na-katica-janeva

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ние веќе имаме отворено сериозни истраги, во областа на организираниот криминал и во областа на корупцијата.

ЕКСКЛУЗИВНО: МВР отвора истраги за носители на јавни функции, министерот Чулев гостин во ТВ21 (ВИДЕО)

Министерството за внатрешни работи отвора неколку истраги во кои инволвирани се и...

Оттука, иницијативата на Владата за прогласување на овие две планини за национални паркови може да се окарактеризира само како предизборна манипулација на граѓаните.

Прогласувањето на Шар Планина и Осогово за национални паркови се само предизборна манипулација!

Има бројни причини зошто не треба да се верува на оваа Влада. Наводната грижа за животната...