Приврзаниците на Лацио пак демонстрираа нацистички поздрави од трибините

Објавил: admin@magazin | 29 март, 2019 13:08

УЕФА со тешки казни за Лацио и Шахтјор поради расизам

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Европската фудбалска асоцијација ги казни украински Шахтјор и италијански Лацио да затворат дел од стадионите во натпревари од клупските натпреварувања за следната сезона поради расистичко однесување на нивните навивачи.

Санкцијата за Украинците е поради банер поставен од навивачите со десничарската политичка порака за време на натпреварот со Ајнтрахт Франкфурт од турнирот Лига Европа.

Приврзаниците на Лацио пак демонстрираа нацистички поздрави од трибините на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ за време на гостувањето во Севиља во февруари.

УЕФА испрати детални инструкции до двата клуба за тоа колку и кои сектори треба да се затворат. За Шахтјор ќе биде трибината, на која е подигнат дискриминаторскиот и расистички банер. Исто така на оваа трибина на стадионот „Металист“ во Харков треба да биде поставен банер со натпис „Equal Game“ и логото на УЕФА.

За користење на пиротехника, клубот од Доњецк беше казнет со 10.000 евра. Конкретната средба заврши 2:2, а Германците го освоија реваншот со 4:1, а повторно имаше и судири меѓу двете навивачки групи.

Што се однесува до Лацио, клубот добил и парична казна од 20.000 евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

На сите учесници на турнирот им посакувам успех и добри резултати, со уверување дека оваа манифестација и во годините што се пред нас ќе ја оправдува својата целисходност и мотив, како што тоа досега беше случај, истакна Спасовски на отворањето!

Отворен Централниот меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители

Денеска повторно ја имам честа како министер за внатрешни работи да го прогласам за...

Македонската фудбалска репрезентација го победи Косово со 2:1 во полуфиналето на плеј-офот на Лигата на нации и дојде на чекор до својот прв пласман на европските првенства.

СИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА: Македонските фудбалери во дуел со Грузија- вечерва од 20:45 на Националната арена “Тодор Проески”

Македонија 🇲🇰 вечерва од 20:45 на Националната арена “Тодор Проески” против Грузија...

А нашите фудбалери одиграа машки, со срце и со памет. На сите позиции „десетки“ за сите со оглед на важноста на оваа средба, со оглед на тоа што сега и Косово знае „кој е кој“.Македонија е за класа подобро од ова Косово кое заслужува респект, но освен подарениот гол тие ништо и не направија.

МАКЕДОНИЈА ГО ЗГАЗИ КОСОВО: НАШИТЕ „ЛАВОВИ“ СЕ НА ЧЕКОР ДО ЕП!

Македонија е во финалето од Лигата на нации, на чекор до пласман на ЕП, до сонот на сите...

Одлуката УЕФА ја објасни со тоа што е невозможно да се организира натпреварувањето во овој момент, како и дека е тешко за младите играчи да патуваат во други земји, поради моменталната состојба со вирусот корона.

УЕФА ОДЛУЧИ: Црвена Звезда годинава не игра во Европа!

Иако првичниот план беше српските младинци да ја започнат европската одисеја овој...