КУРИР преку свои неофицијални извори дојде до профилот на еден од модераторите во оваа ужасна група.

Објавил: Весна Петровска | 28 јануари, 2020 13:45

УЖАСНО: ПОЗНАТ ИДЕНТИТЕТОТ: 40 годишен сопруг и татко е модератор во „ЈАВНА СОБА“

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Јавноста, а особено родителите се кренаа на нозе откако беше обелоденето постоењето на групата „Јавна соба“ на апликацијата Телеграм. Во групата имало 7.400 корисници каде малолетници и возрасни објавувале, споделувале и коментирале интимни фотографии и видеа со порнографска содржина од малолетни девојчиња од Македонија.

Дел од жртвите сами се појавија во јавноста, но профилите на двајцата администратори и двајцата модератори се истражуваат од надлежните.

КУРИР преку свои неофицијални извори дојде до профилот на еден од модераторите во оваа ужасна група.

Станува збор за маж од населба во Општина Кисела Вода, на околу 40-годишна возраст. Неговиот идентитет е познат на редакцијата на Курир, но од оправдани причини тоа засега нема да го објавиме, несакајќи да наштетиме во истрагата.

Тоа што го дознавме за него е дека станува збор за женет човек и татко. Во групата „Јавна соба“ меѓу првите објавувал разголени фотографии од малолетнички.

Дел од неговите соседи го препознаа по фотографијата на социјалните мрежи. Во текот на вчерашниот ден бил пресретнат од родители на деца кои биле дел од групата, но ситуацијата не ескалирала.

Бидејќи вестите брзо се шират, а ова е мал град, поголем број на луѓе дознале дека токму ова лице стои зад „Јавна соба“. Го пронајдоа на социјалните мрежи и тука почнал хаосот.

Примајќи низа закани бил принуден да ги избрише сите свои профили на социјалните мрежи.

Редакцијата на КУРИР дојде и до неговиот телефонски број, преку апликацијата Вибер. На истиот не е достапен.

Се претставувал под псевдонимот „Вирус“ на кој е додадено и неговото презиме, кое е познато во нашата редакција.

Нашите извори велат дека фотографијата од истиот човек, на групата се појавила кај два телефонски броеви. На „Јавна соба“, овој скопјанец споделувал фотографии и модерирал преку два профили.

Денеска тој нема профил ниту на една социјална мрежа, на телефонот не е достапен, а содржините споделени од кај него по разни групи се избришани.

Се уплашил од фактот дека е откриен и од заканите кои му биле адресирани.

Очекуваме наскоро посочениот да падне во рацете на полицијата и да одговара за делата кои ги правел.

Чулев: Испратено барање до „Телеграм“ за податоците на членовите на „Јавна соба“

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес конференција во министерството кажа дека околу 800 фотографии и видео материјали се споделени во групата „Јавна соба“ на „Телеграм“.

Со групата управувале двајца администратори и двајца модератори, за кои е испратено барање до „Телеграм“ за добивање дополнителни информации како и за сите членови на таа група коишто го прекршиле законот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

„Оваа информација не е ниту нова, ниту непозната ако се има предвид фактот дека уште за време на изборната кампања на парламентарните избори 2016г. токму Заев од митинг во скопската населба Капиштец нарачуваше обвиненија и ја диригираше работата на Катица Јанева и на цело СЈО. Ако од позиција на опозициски лидер во 2016г. имаше увид во работата на СЈО, или подобро кажано, тој ја утврдуваше „агендата на политичкиот прогон“ што СЈО послушно ја спроведуваше во пракса, можеме само да замислиме што овој човек правел од позиција на претседател на влада. Да не заборавиме дека цела година Заев беше претседател на комисијата за реформи во судството, позиција што тој успешно си ја валоризираше за задоволување на своите интереси и политички потреби, за директни нарачки кај судиите и обвинителите,“ потенцира универзитетската професорка.

Каракамишева: „Бомбата“ за Заев е само потврда дека тој диригира со судството и обвинителството!

Најновиот аудио запис и транскрипт што вчера беше објавен од страна на Антонио Милошоски...

Мажот, кој беше во критична состојба по експлозијата, почина синоќа на Единицата за интензивно лекување на Клиниката за неврохирургија во Скопје.

ТРАГЕДИЈА: Четврта жртва од експлозијата во Романовце

Мажот, кој беше во критична состојба по експлозијата, почина синоќа на Единицата...

Истите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 21 степен. Сепак и покрај ова и тоа особено долж Повардарието и на исток ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во Скопје и околината ќе имаме сончево и релативно топло време со умерена, повремено и локално позначителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, ветерот повремено ќе засилува.

Непредвидливо време до крајот на неделата- денеска уживајте во сонцето

До крајот на денов ќе имаме сончево време со умерена, локално и позначителна облачност,...