Основниот суд Кочани на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Објавил: Весна Петровска | 2 јануари, 2020 16:19

УЖАС ВО МАКЕДОНИЈА: Силување на Нова година – жртвата имала 14 години, МОНСТРУМОТ упасен

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Новогодишната ноќ за 14 -годишно дете се претворило во најлошиот кошмар што некој може да го замисли, на 31. декември било силувано, монстумот е пријавен и полицијата веднаш го уапсила.

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против жител на Виница, за сторено продолжено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Осомничениот го искористил претходното познанство со детето, па во ноември 2019 година го намамил во помошна просторија на станбена зграда каде го извршил кривичното дело. Потоа тој му дал парични средства на детето за да молчи. Осомничениот го повторил половиот напад врз детето на 31 декември, по што било откриено кривичното дело и осомничениот е лишен од слобода.

Јавниот обвинител оцени дека постојат околности што укажуваат на бегство на осомничениот, страв дека осомниченот ќе ги сокрие трагите од кривичното дело и ќе го повтори делото, па во насока на обезбедување непречено водење на кривичната постапка до судија на претходна постапка во Основниот суд Кочани достави Предлог за определување на мерка притвор против осомничениот.

Основниот суд Кочани на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Тројцата напаѓачи се приведени во Полициска станица, а полицаецот со прострелни рани се наоѓа вон животна опасност.

ПУКАЊЕ ВО ВЕЛЕС: Полицаец застрелан со четири куршуми додека бил во контрола

Денеска околу 10.15 часот пред црквата “Св.Спас“, кај Градските гробишта, полициски...

МВР информираше за несреќата во која се повредени над 20 патници при судир на автобус и автомобил.

СТРАШНА НЕСРЕЌА КАЈ КУМАНОВО: Автобус се заби во автомобил – 20 лица повредени!

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на автопатот Куманово- Табановце, има повредени. МВР...