Топлите температури продолжуваат во земјава!

Објавил: Стојче Бушин | 9 април, 2020 8:24

УЖИВАЈТЕ ВО СОНЦЕТО: Продолжуваат топлите денови во земјава!

Фото/Текст извор: ©Магазин

До крајот на денов кај нас и понатаму ќе имаме стабилно, суво, топло и сончево време.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец, максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 19 степени.

И во следните денови ќе имаме претежно стабилно, суво, топло и сончево време со мала локална облачност.

За време на викендот и тоа особено во недела попладне локално ќе има повеќе облачност. Ќе има услови и за локален краткотраен дожд проследен со ретки грмежи.

Услови за локален дожд ќе има и на почетокот од следната недела. Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат уште повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени, особено утре и во сабота.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и релативно топло. Во текот на ноќта ќе има услови за локален слаб дожд а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура на воздухот се очекува да се искачи до околу 26 степени.

Променливо облачно и топло време- попладне дожд!

Во текот на денешниот ден во нашата држава ќе имаме променливо облачно и топло време....

Повремено ќе има продори и од северните предели на Евроспкиот Континент кој ќе условуваат повремено освежување на времето!

МЕСЕЧНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Еве каков ќе ни биде месец јуни се до крајот!

Според најновите анализи кој се направени со помош на најпрецизните метеоролошки...

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

ДЕТАЛНО МЕТЕО: Од недела температурите на воздухот ќе бидат во пораст

Во текот на денешниот ден ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Од...