УКИМ го делат само 10 места од последното на најдобри 2000 универзитети во светот според последната ранг листа на Центарот за рангирање на светски универзитети кои најпрестижниот универзитет во земјава го позиционираа на „опашката“, односно на 1990 место.
Државниот универзитет Св. Кирил и Методиј пет години е во слободен пад на листите, спуштајќи се 174 места подоле или само годинава паднал за 26 места. Поразителната состојба е очекувана според професорот и социолог Илија Ацевски кој укажува на децениски проблем на универзитетот кој се повеќе создава некомпетентни кадри…
УКИМ е универзитет на кој што многу малку се учи, многу малку се истражува, многу малку се применува наука, а тоа значи дека неквалитетните студии на УКИМ се до тој степен доведени, се разбира не на сите групи, да практично велам, УКИМ произведува не квалитетен и некомпетентен кадар, од кој многу малку можат да се снајдат да го работат она за што се образувале,- – Илија Ацевски – Универзитетски професор.
Реформи нема да помогнат, вели ацевски, туку формирање на комисија која ќе оцени колку професорите го подготвиле студентот, бидејќи некои од нив предаваат и повеќе од 20 часа неделно
Единствениот излез или пат од УКИМ е, едноставно е да се формира една валидна комисија која ќе ги вреднува резултатите од дипломираните студенти. Тоа ќе ги даде за многу брзо време тие резултати, а тоа значи, оние кои што ќе произведуваат неквалитетни кадри треба да им се укаже, да се затворат(катедрите), друго решение за УКИМ не постои. Едноставно, како може професор да има 25 часа неделно, може ли професор да има 25 предмети?- – Илија Ацевски – Универзитетски професор.
Што се однесува до универзитетите во соседството, Србија има четири на ранг листата, од кој Белградскиот е најдобро рангиран на 376 позиција. Бугарија има два рангирани универзитети, додека пак Грција 12. Од Хрватска на листата се најдоа 4 високообразовни инситуции.
Како и изминатите години, годинава на листата немаше место за универзитетите од Црна Гора, БиХ, Албанија и Косово..
Пиететот најдобар светски универзитет годинава го однесе Харвард, а по него следуваат МИТ и Стенфорд исто така од САД, а веднаш зад нив се британските Оксфорд и Кембриџ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.