Состојба на патиштата

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 јануари, 2022 6:57

Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар

Фото/Текст извор: ©магазин

УКИНАТА ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ МОТОРНИ ВОЗИЛА: Од 06:45 часот е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.Врнежи од снег има во Прилеп, Железнец, Неготино, Демир Капија, Удово, Крушево на планинските превои Плетвар и Буково.

Со помал интезитет на врнежи на снег има на Попова Шапка, Маврово и Агино-Миладиновци.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ОДРОНИ: На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 км. пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАНИЕ: Влажни коловози на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Интензитетот...

Сообраќајот на патниот правец Р1402 Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на Ј.П. Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

Силни врнежи од снег на Плетвар, воведена забрана за камиони

Поради интензивни врнежи од снег, преку планинскиот превој Плетвар од превентивни...

Претходно во текот на денот, на обиколницата кај Македонски Брод имаше голем одрон од камења, меѓу кои и камена громада потешка од еден тон. По интервенција од страна на локалната самоуправа со градежна машина, овие камења се отстранети од коловозот и сообраќајот се одвива непречено во обата правци.

ВНИМАВАЈТЕ: Блокиран патниот правец Македонски Брод – Скопје кај с.Близанско

Патниот правец Македонски Брод – Скопје(кај с.Близанско) е блокиран за сообраќај за...