Бидејќи беше договорено барикадите да се отстранат, беше донесена одлука за прекин на состојбата на зголемена борбена готовност!

Објавил: Перо Милчин | 29 декември, 2022 15:43

Укината состојбата на зголемена борбена готовност на армијата на Србија

Фото/Текст извор: ©360 степени/магазин.мк

Вучиќ нареди да се воспостави состојба на засилена борбена готовност во ситуација кога Србите на северот на Косово дежураа на барикадите, но и по најавата на премиерот на Косово, Албин Курти, дека ќе ги тргнат барикадите доколку КФОР не го стори тоа.

Бидејќи беше договорено барикадите да се отстранат, беше донесена одлука за прекин на состојбата на зголемена борбена готовност!

Откако најави дека блокадите од северот на Косово ќе бидат тргнати, српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ја укина и состојбата на зголемена борбена готовност на армијата на Србија, јави РТС.

Борбената готовност на српската армија беше прогласена на 26 декември поради ситуацијата на северот во Косово. Тогаш претседателот Вучиќ како врховен командант на српските вооружени сили нареди армијата и сите единици на Министерството за внатрешни работи да бидат на највисоко ниво на борбена готовност.

Вучиќ нареди да се воспостави состојба на засилена борбена готовност во ситуација кога Србите на северот на Косово дежураа на барикадите, но и по најавата на премиерот на Косово, Албин Курти, дека ќе ги тргнат барикадите доколку КФОР не го стори тоа.

Бидејќи беше договорено барикадите да се отстранат, беше донесена одлука за прекин на состојбата на зголемена борбена готовност.

Иако Вучиќ на 26 декември формално објави дека донел одлука за воведување состојба на зголемена борбена готовност, српските вооружени сили неофицијално влегоа во оваа состојба пред две недели. На прес-конференцијата одржана на 13 декември, Вучиќ рече дека ги дал најважните наредби во врска со актуелната криза на северот на Косово.

По донесувањето на одлуката за укинување на состојбата на борбена готовност на армијата, премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, преку твитер-објава им се заблагодари на Вучиќ и на косовските Срби, што како што вели, нашле сила да одговорат на бруталниот терор и агресија.

„За жал, верувам дека тука не е крајот на провокациите на Курти, но се надевам и верувам дека меѓународната заедница ќе се погрижи да се почитуваат договорите постигнати во последните 24 часа за да се зачува овој момент на мир и стабилност и да се свртиме кон исполнување на Бриселскиот договор“, пишува Брнабиќ на Твитер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Србија

Владата на Србија донесе одлука за ребаланс на буџетот за 2023 година. Со ова зголемување ќе се овозможи намалување на буџетскиот дефицит на 2,8 отсто, со цел зголемување на платите, пензиите и животниот стандард на граѓаните, јави дописникот на МИА од Белград.

Растат платите во Србија

Растат платите во Србија. Просечната плата во Србија во декември ќе изнесува 840 евра. Владата...

Администрацијата на манастирот тогаш донела одлука дека милоста веќе нема да се дава бидејќи манастирските резерви завршуваат. Лошата состојба во Русија можеби придонело за тоа, со помалку и помалку придонеси за самиот манастир.

ФОТОГРАФИЈАТА ОД СВЕТА ГОРА КРИЕ МИСТЕРИЈА: Ако ниту една жена не смее да се движи, тогаш која е таа – насликано ЧУДО во руски манастир

Фотографијата била направена на 3 септември 1903 година и била објавена од архивот на...

„ Тие се повикуваат на Резолуцијата 1244 каде ја нагласуваат својата улога, но не се повикаа на делот од Резолуцијата каде што е можно да го одбијат, такво нешто не постои. Некој доволно паметен тоа им го составил, бидејќи тие немаат право да го одбијат тоа барање, знаеле дека немаат на што да се повикаат, но се повикаа на позтивната норма дека имаат право и обврска да го чуваат редот и поредокот. “-Александар Вучиќ – претседател на Србија

Во меѓувреме, неколку илјади Срби излегоа на протест во Штрпце поради пукањето врз двете српски момчиња Стефан и Милош Стојановиќ кое се случи пред два дена од страна на припадник на косовската полиција..

Од партијата Српска листа која е организатор појаснуваат дека нивното незадоволство е поради бруталните обиди за убиство на српските момчиња, но и за континуираната антисрпска репресија. Градоначалникот на Штрпце Далибор Јефтиќ пред присутните кажа дека е време меѓународната заедница да го вразуми косовскиот премиер Курти...

„ Резултатот на политиката на актуелната власт во Приштина доведе до тоа поединци да мислат дека може слободно да пукаат во нашите деца, тоа е најголемиот проблем. И затоа, пораката е до преставниците на меѓународната заедница уште еднаш да го вразумат Курти да престане да ги напаѓа нашите деца. Како што ви кажавме вчера, децата нема да ги ви простиме. “-Далибор Јефтиќ – Градоначалник на општина Штрпце

На приодот кон Штрпце за време на протестот беа присутни неколку патроли на косовската полиција и КФОР.

КФОР го одби барањето за враќање на српската војска на Косово

Белград доби негативен одговор од КФОР за барањето за враќање на 1.000 српски војници...