Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одлучи дека нема повеќе потреба од највисока борбена готовност на армијата, па нареди отповикување на наредбата на неодредено

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 октомври, 2018 10:54

Укината состојбата на највисока борбена готовност во Србија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, одлучи денеска да ја укине состојбата на највисока борбена готовност на војската на југот на Србија.

Како што се наведува во соопштението на Министерството за одбрана, Вучиќ рано утрово во согласност со овластувањата, доставил до министерот Александар Вулин и началникот на Генералштабот на српската војска, генерал потполковник Милан Мојсиловиќ, наредба за дезангажман на силите за итно и брзо реагирање.

Српската војска во соработка со другите безбедносни структури и во согласност со наредбата на врховниот командант и понатаму ја следи безбедносната ситуација и е подготвена во секој момент да ја заштити својата земја и нејзините граѓани, без оглед каде живеат. –  порача Министерството за одбрана.

Вучиќ, кој е и врховен командант на српската војска, нареди војската да се стави во состојба на борбена готовност, кога на 29 септември косовскиот претседател, Хашим Тачи, пристигна на езерото Газивода во северниот дел на Косово, каде што живее српско население, во придружба на припадници на косовските специјални сили РОСУ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан