Во тек е куќниот притвор за „27 април“

Објавил: admin@magazin | 15 април, 2019 14:01

Укинат куќниот притвор за Јанакиески за „Титаник“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кривичниот суд пред десетина дена му го укинал куќниот притвор на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески за предметот „Титаник“, кој се однесува на изборни нерегуларности, но и понатаму му важи куќниот притвор за 27. април.

Миле Јанакиески не смее да комуницира со неговиот поранешен шеф Никола Груевски

Одбраната на Јанакиески вели дека укинувањето е резултат на тоа што не може паралелно да бидат активни две мерки куќен притвор.

За 27. април имам куќен притвор и забрана за комуникација со инволвирани лица во настанот. Тоа по закон значи да не смеам да пуштам маилови и да комуницирам на мобилен со нив, рече Јанакиески денеска.

Во тој предмет на Јавното обвинителство како осомничени за организација на крвавите настани се водат поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот спикер Трајко Вељановски, поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски и екс началникот Никола Бошковски како и поранешниот министер Спиро Ристевски.

Јанакиески денеска во Судот се појави на рочиште за предметот „Титаник“, на Специјалното јавно обвинителство.

 Овој предмет е во доказна постапка, а освен него обвинети за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства во финансирање на изборна кампања се и бегалецот Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Кирил Божиновски, Илија Димовски и др. За овој предмет, во куќен притвор е само Божиновски.

 Денешното рочиште се одложи поради отсуство на судијата Огнен Ставрев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Јас стекнав пријател кај господинот Алексис Ципрас премиерот на Република Грција кој што пријател ќе ми остане сигурно до крајот на животот.

ЗАЕВ: “Јас сум човекот кој ќе остане запаметен дека под негово лидерство е сменето името на нашата земја„

Господинот Мицотакис е искусен политичар и сигурно ѝ мисли добро на својата земја...

Дали некој украл, нека ги дадат прислушкувањата, дали некој дал наредба за противзаконско дејствување, јас ќе ги поздравам прв од ДУИ ако ги даваат овие факти, но такви нема, рече Ахмети.

АХМЕТИ СЕ ИЗНЕРВИРА: “Овие луѓе мислат дека Албанците „ПАСАТ ТРЕВА“ и ќе не казнат поради приватни разговори”

Лидерот на партијата ДУИ, Али Ахмети, на првото собрание на ДУИ што се одржа во Сарај...

-Навистина се непријатни случувањата на кои што сведочевме минатата недела, вели министерката за правда Рената Дескоска.

ДЕСКОСКА: “Настаните кои се случија со РЕКЕТ и СЈО се ШОКАНТНИ”

-Навистина се непријатни случувањата на кои што сведочевме минатата недела. Да не речам...