Панчевски, експресно за само две недели и во неколку рочишта, велешкиот суд го прогласи за виновен за злоупотреби на АКМИС системот во Кривичен, додека беше претседател на судот. Наместо предметите да ги дели електронски, ги делел на рака кај судии кои му биле од доверба. Станува збор за 40 предмети. Адвокатите на Панчевски не се задоволни од пресудата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 август, 2020 18:53

Укинат притворот на Владимир Панчевски!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владимир Панчевски е дома. Откако доцна синоќа беше осуден на 3 години и шест месеци затвор за злоупотреби на АКМИС системот во Кривичниот суд, му беше укинат и притворот каде помина дваесет дена. Тој наместо во Шутка, беше однесен дома, дознава Алсат ТВ.

Панчевски, експресно за само две недели и во неколку рочишта, велешкиот суд го прогласи за виновен за злоупотреби на АКМИС системот во Кривичен, додека беше претседател на судот. Наместо предметите да ги дели електронски, ги делел на рака кај судии кои му биле од доверба. Станува збор за 40 предмети. Адвокатите на Панчевски не се задоволни од пресудата.

„Сигурно ќе вложиме жалба. Ова што се случи е исклучок од сите правила. Станува збор за класичен пример за самоволие во постапувањето и ограничувањето на човековите права. Бевме сведоци како се заобиколуваат сите принципи на владеењето на правото. Имаме доволно време и ќе составиме жалба и верувам дека Апелациониот суд ќе ја укине оваа пресуда“, рече адвокатот Петро Јанура.

За потсетување, на 10 јули, судот во Велес му одреди притвор на поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски поради обезбедување на присуство на судењето за предметот „АКМИС“.

Судењето за овој предмет за злоупотреба на АКМИС системот требаше да почне наесен.

Предметот се суди во Велес за да се избегне евентуална пристрасност во Скопје поради тоа што Панчевски беше претседател на Кривичниот суд.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

-Сите знаеме дека државата не градеше со одобрение за градба на статики, како што се градат сите болници.

Заев: Болницата во Тетово беше без дозвола за градба, и што сега, да се посипеме со бензин и ние да се самозапалиме?

На новинарските прашања за начинот на изградба на модуларната болница во Тетово премиерот...