Денес украинскиот парламент усвои закон чија цел е да се забрза одобрувањето на вакцините против коронавирусот, но со кои се забранува вакцини да се произведуваат во Русија.
Употребата на која било вакцина досега не е одобрена во таа земја, а властите претходно изјавија дека Киев нема да одобрува или користи руски вакцини.
“Една политичка опција создаде хистерија околу регистрацијата на руската вакцина. Веднаш можам да кажам дека никој нема да ја регистрира руската вакцина во оваа земја”, рече украинскиот министер за здравство Максим Степанов во телевизиско обраќање.
Минатиот месец, украинскиот претседател Владимир Зеленски ги обвини богатите западни земји кои резервирале големи количини на дози на вакцини Фајзер и Moderna за одложување на испораките во Украина.
„Најбогатите луѓе се приближија кон првите редови за вакцини“, рече тогаш Зеленски.
Украина досега обезбеди осум милиони дози преку програмата Ковакс на Обединетите нации и очекува да обезбеди уште пет милиони дози од кинеската вакцина, откако ќе биде одобрена.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.