На улицата Никола Карев од четирите постојни сообраќајни ленти сега се направени три со што е обезбеден простор за велосипедистите.

Објавил: Стојче Бушин | 20 октомври, 2020 13:24

УЛИЦАТА НИКОЛА КАРЕВ ПУШТЕНА ВО СООБРАЌАЈ СО НОВ ПРОСТОР ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Екипите на Град Скопје деновиве ја завршија реконструкцијата на коловозот на улица Никола Карев кај Железничка станица.

Реконструкцијата на потегот од крстосницата со булевар Кузман Јосифовски Питу до крстосницата со булевар 3-та Македонска Бригада, опфати целосна обнова на асфалтот на улицата, во должина од 510 метри, направена е нивелација на сливниците и атмосферските шахти, како и замена на оштетените рабници. Во тек е целосната репарација на тротоарите.

На улицата Никола Карев од четирите постојни сообраќајни ленти сега се направени три со што е обезбеден простор за велосипедистите.

Со пробивањето на улицата Есенинова, реконструкцијата на оваа сообраќајница, па преку улицата Беласица, Град Скопје прави поврзување на трите општини Кисела Вода, Центар и Гази Баба, а патувањето на возилата од булевар Борис Трајковски до клучката Континентал се очекува да биде скратено за повеќе од 10 минути.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Со оваа инвестиција, манастирот ќе биде подостапен за сите верници, добронамерници, туристи, љубители на манастирскиот туризам.

Започна асфалтирањето на паркингот на Лешочкиот манастир, Општина Теарце

На овој голем празник, Св. Архангел Михаил, започна асфалтирањето на паркингот на Лешочкиот...

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 246 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

Во текот на изминатата недела (12.11 – 18.11.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети...

Полицискиот службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема согласно ставот (1) на овој член.

ЗИМСКИ ГУМИ: Започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата

Моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот...

Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози!

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, известува АМСМ! Од 15.11.2020...